„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака
- Детали
- недела, 07 септември 2025
„Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се види ваква сцена“ се дел од коментарите за потегот на Алекса Перовиќ.

Алекса Перовиќ позираше со поранешната и сегашната сопруга и со децата од двата брака, а фотографијата ја објави на Инстаграм.
Тој со потегот ги восхити сите негови следбеници.

Пејачот неодамна се ожени со убавата Исидора и стана татко на момче.
Прочитајте и Алекса Перовиќ доби трето дете, прво со втората сопруга - се прослави во „X Фактор“ со Даниел Кајмакоски
Зад себе веќе има еден брак и две ќерки, а со поранешната сопруга Милица остана во одлични односи.

Доказ за тоа е и фотографијата што неодамна ја сподели на социјалните мрежи.
Кога Алекса позираше со поранешната и сегашната сопруга и со децата, коментарите беа:
„Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се види ваква сцена“...
Заедничката фотографија, која е направена при испраќање во прво одделение на поголемата ќерка на Алекса:
С. С. | Црнобело

