Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е тука со нас, ни се обраќа“

„Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција освен да бидам силен. Кога ме прашуваат како се децата, одговарам дека се држиме едни со други“, пишува основачот на EXIT, Душан Ковачевиќ, на првата годишнина од смртта на неговата сопруга Ивана.

osnovachot-na-exit-emotiven-za-godishninata-od-smrtta-na-soprugata-so-koja-dobi-3-deca-postojano-e-tuka-so-nas-ni-se-obrakja-01.jpg

Во мај минатата година, основачот на фестивалот EXIT, Душан Ковачевиќ ја изгуби сопругата Ивана.

Таа била дијагностицирана со тешка болест, но по една година ја изгуби битката. За јавноста не е познато со каква болест се справувала Ивана која почина на 44-годишна возраст.

Со Душан таа доби два сина и ќерка, а по нејзината смрт, во емотивна објава Душан ѝ порача дека ќе ги чувал нивните „змејчиња“.

osnovachot-na-exit-emotiven-za-godishninata-od-smrtta-na-soprugata-so-koja-dobi-3-deca-postojano-e-tuka-so-nas-ni-se-obrakja-02.JPG

Сега, на првата годишнина од смртта, Душан сподели емотивна објава во чест на саканата.

Тој сподели фотографија која веројатно е направена во нивниот дом, а на која се гледа како едно од децата лежи пред огромна фотографија од Ивана.

„Денес навршува една година откако почина нашата Ивана…

Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција освен да бидам силен и на нозе. Кога ме прашуваат како се децата, одговарам дека се држиме едни со други. И, навистина е така.

Меѓусебно сме си извор на љубов, сигурност, некогаш нервоза, но брзо потоа и утеха, инспирација, радост. А, нивната мајка, таа постојано е тука. Кога ќе легнеме да спиеме, таа е меѓу нас или нè прегрнува сите заедно.

Не го кажувам ова како метафора. Баш разговарав со нашиот свештеник за тоа како не ми се јасни луѓето кои веруваат во Бог, а не можат да сфатат дека душата е неуништлива и дека кога ќе го напушти телото, навистина е потполно слободна да биде каде што ќе посака.

osnovachot-na-exit-emotiven-za-godishninata-od-smrtta-na-soprugata-so-koja-dobi-3-deca-postojano-e-tuka-so-nas-ni-se-obrakja-06.JPG

Нашата мала ќерка тоа многу добро го разбира. За неа е потполно нормално нејзината мајка да е тука, во друга форма, но тука, присутна и разиграна.

Си играме со неа, ја луламе на лулашка, ѝ испраќаме бакнежи додека заоѓа Сонцето и кога одиме да спиеме.

Велат дека децата, покрај сите баби, дедовци, тетки и други членови на семејството, ја чувствуваат енергијата и на мама и на тато од оној родител што е тука покрај нив.

Често ми претставува предизвик истовремено да ги изразам мајчината нежност и дисциплината што се очекува од таткото. Затоа, кога на децата им треба утеха, ја повикувам Ивана да делува преку мене. И таа доаѓа.

osnovachot-na-exit-emotiven-za-godishninata-od-smrtta-na-soprugata-so-koja-dobi-3-deca-postojano-e-tuka-so-nas-ni-se-obrakja-03.JPG

Неодамна на гости ни беа пријатели со ќерка која е на возраст на Атина (нашата ќерка). Ја чешлав косата на нашата ќерка и бидејќи уште не сум вешт со комплексни фризури, ѝ реков: ’Оди кај Милена да ти ја среди фризурата. Таа е мајка‘.

На ова, Атина ми договори ’Тато е мама‘ и јасно ми даде до знаење дека не мрда никаде од моето крило.

Ивана е присутна не само кај нас, туку и кај нејзините бројни пријатели. Голем е бројот на чудесни ’случајности‘ кои се толку јасни пораки дека ни се обраќа нам и не оставаат дилема за тоа дали тоа е навистина таа.

Ги собираме сите на едно место, па еден ден ќе направиме изложба посветена на неа, каде што ќе ја раскажеме и таа приказна“, пишува во објавата.

На крај, Душан им се заблагодарува на сите кои му помогнале во овој тежок период.

Претходно, Душан сподели емотивна објава и шест месеци по смртта на Ивана.

„Во деновите кои водеа до обележувањето на шесте месеци откако физички не си со нас, тагата беше сеприсутна.

Но, ноќта пред поменот дојде на сон, танцувајќи, насмеана, онака како што само ти знаеш да бидеш. Со тоа уште еднаш нежно ни порача дека си на најдоброто можно место… и да не тагуваме, туку да се радуваме, бидејќи си тука со нас, поприсутна од кога било, нè водиш и нè чуваш од небото“, пишува во објавата меѓу другото.

Спирова С. | Црнобело

фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава