„Ќе ги чувам нашите змејчиња“ - Основачот на EXIT ја изгуби сопругата на 44 години - имаа 3 деца, ѝ приреди свадба изненадување
- Детали
- вторник, 20 мај 2025
„Благодарен сум на Бог што имав можност да бидам едно со тебе, те сакам Ивана и засекогаш ќе те сакам, онака како што велиме во нашето семејство - најбескрајно...“, напиша Душан Ковачевиќ кој со саканата Ивана која прерано ја изгуби има 3 деца.
Ивана Ковачевиќ, сопругата на основачот на фестивалот „EXIT“, Душан Ковачевиќ, вчера (19.05) ја изгуби битката со тешката болест која лани ѝ била дијагностицирана.
Тимот на познатиот фестивал со неа се прости со зборовите: „Стана светлина што нè води“.
Поддршка на Ивана во големата борба со болеста ѝ дадоа многу светски и регионални ѕвезди од најголемите фестивалски сцени, меѓу кои Black Eyed Peas, Нина Кравиц, Карл Кокс и многу други, но за жал, таа ја изгуби битката.
Ивана е мајка на 3 деца, а саканиот Душан за неа има само најубави зборови. Тој за неа имаше организирано и свадба изненадување.
Нивните два сина се на возраст од 8 и 10 години, а ќерка им неодамна наполни две години.
Во една пригода Ивана за свадбата со Душан напиша:
„Со Душан се венчавме на островот Ада Бојана.
(Островот Ада Бојана се наоѓа во Црна Гора, на самата граница со Албанија, близу до градот Улцињ. Островот е создаден од наносите на реката Бојана, која тука се влева во Јадранското Море. Ада Бојана е позната по својата уникатна природа и долги песочни плажи).
Оваа венчавка беше толку посебна, целосно изненадување за мене. Душан организираше сè, ја доведе нашата фамилија и најблиските пријатели на островот.
Дури и ме однесе на концерт на Стинг во Хрватска два дена претходно, само за да ја скрие вистинската причина за патувањето.
Јас мислев дека одам на островот за да го прославам роденденот. Во моментот кога го видов олтарот и моите другари од детството, помислив дека чамецот нè однесе во рајот.
Сите што беа таму ја почувствуваа емоцијата, сите почнаа да плачат без контрола, а енергијата беше толку интензивна што повеќето рекоа дека тоа беше едно од најубавите искуства во нивниот живот.
Сакам секој да ја почувствува љубовта, страста и посветеноста што Душан и јас ја имаме еден кон друг“.
По смртта на Ивана, нејзиното семејство се огласи на Инстаграм:
„Драги луѓе, со неизмерна тага и болка ве известуваме дека утринава во 5 часот душата на нашата сакана Ивана отиде кај ангелите. Таа беше, и остана, една од нив.
Ја чувствуваме жива, присутна повеќе од кога било. Нејзината љубов, нежност, мир.
Таа сè уште е тука со нас, засекогаш населена во нашите срца, како и во срцата на сите вас што ја сакавте и што ја сакате и понатаму.
Ивана беше и остана синоним за љубов. Едни од нејзините последни зборови на овој свет беа: „Никој не знае колку јас ги сакам сите. Сите. Сите…“.
Да ја продолжиме нејзината мисија така што ќе ги сакаме сите околу нас, нека силата на нејзината незапирлива бескрајна љубов го преобрази овој свет.
Во тага и болка, отворете го срцето и ќе го чуете нејзиниот шепот, ќе почувствувате дека сè уште е тука, присутна околу нас.
Ве повикуваме сите што знаете дека душата никогаш не умира, да го чуваме живо сеќавањето на неа.
И нејзините деца Атина, Лав и Ноа го чувствуваат мајчиното присуство во секој чекор од нивното растење. Нејзината светлина ќе сјае вечно, како најсјајната ѕвезда на нашето небо“.
Емотивната објава на Душан за Ивана на следната страница...
Би можело да ве интересира:





