Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 1991-ва)
- Детали
- сабота, 21 февруари 2026
Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а сега на 50 го доби третото дете. Мајка му му е најголема поддршка до денес, а неговата сопруга Мина се шегува дека таа ѝ се погодила повеќе од мажот.

Огњен Амиџиќ на 50 години го доби третото дете, а второ од бракот со Мина Наумовиќ.
Тие ја крстија ќерката Лола, а Мина со неколку фотки од неа на Инстаграм откри детали од нивното секојдневие.

Mина за Лола вели:
„Нејзиното постаро братче Перу ја обожава Лола, се смее секогаш кога ќе ја види, ја гали и плаче ако таа плаче.
Морав да го објавам нејзиното лице и му се извинувам на заштитнички настроеното семејство што ја објавив, не можев да одолеам!“


Потоа, Мина се пошегува дека со сопругот можела да избере и да помине подобро, но затоа ѝ се погодила свекрва од соништата.
Мина на Инстаграм објави фотка од свекрвата и напиша:
„Со мажот можев и подобро да поминам, ама со свекрвата никако!
Драга наша Снешка, нека секој ден ти биде прекрасен ден! Фала за сè“.

Инаку, мајката на Огњен го изгубила својот сопруг во 1991 година.
Огњен Амиџиќ, кој е роден на 17 јуни 1975 година, за време на немилиот настан, во октомври 1991 година, имал само 16 години.
Тој неодамна со своите следбеници на Инстаграм сподели емотивна фотографија од 1979 година.
На фотографијата тој има четири години и е во прегратките на својот покоен татко Зоран, а покрај нив се и неговата мајка и сестра.
