Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“
- Детали
- недела, 08 февруари 2026
„Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скратив на 5, затоа што ми беше многу да бидам толку разделена од нив. Му благодарам на мојот сопруг на разбирањето. И секако на мојата мајка, без чија помош не би отишле ние никаде“ - напиша искрено сопругата на Никола Роквиќ и објави фотки од рајскиот одмор.

Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана, деновиве уживаа на рајско патување во Бали, сами, без 3-те деца.
На својот Инстаграм профил Бојана објави повеќе фотографии од нив, додека уживаат на плажа, пробуваат необични специјалитети, се возат со кабриолет низ полиња и се препуштаат на романтиката.
„Одмор за кој навистина не знаевме колку многу ни е потребен“ – напиша таа.
Инаку, ова им е прво патување без нивните деца, а потоа таа сподели уште една објава, во која напиша искрена исповед дека ѝ било многу тешко да ги остави.
Токму заради тоа, таа одлучила да го скрати патувањето на само 5 дена, што многумина би рекле дека е лудост за толку далечна дестинација.
Нејзината исповед:
„Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скратив на 5, затоа што ми беше многу да бидам толку разделена од нив.
Веројатно сме единствени што поминуваат толкав пат за 5 дена... Но, вие кои имате деца, знаете дека некогаш и еден ден е доволен.

Му благодарам на мојот сопруг на разбирањето и што ги прифати сите услови на патувањето. И секако на мојата мајка, без чија помош не би отишле ние никаде.
Иако со тешко срце отидов, овој рај многу ни значеше, за да се вратиме малку еден на друг, да се вратиме на себе, и најважно, да им се вратиме на нив подобри“.
Погледнете го видеото:
Повеќе фотки од нивниот романтичен мини одмор:




