Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 1991-ва)
Фотографијата за него има посебно значење бидејќи потсетува на татко му, новинарот Зоран Амиџиќ, кој трагично загина додека известувал од Банија во Хрватска.

„Оваа фотографија ми е еден од најдрагите спомени од детството.
Сеќавањето на татко ми и среќните семејни моменти секогаш ме потсетуваат колку е важно семејството“, напиша Огњен во описот на објавата.
Инаку, врз автомобилот во кој бил Зоран и неговите колеги новинари, биле испукани повеќе од 300 куршуми, а до денес не е откриено кој ги убил.
Огњен во една пригода изјави:
„Во еден часот по полноќ полицајци затропаа на нашата врата. Добиле задача од претпоставените да ни ја соопштат лошата вест.
Мене ми ја кажаа. Имав само 16 години и морав да ѝ кажам на мајка ми и на сестра ми дека татко ми е убиен.
Ми недостига татко ми и знам дека мојот живот ќе беше сосема поинаков ако тоа не се случеше.
Бев тинејџер кога се случи трагедијата. Многу обврски паднаа на моите плеќи, се трудев да ѝ помагам на мајка ми колку што можев.
Таа максимално се жртвуваше за мене и сестра ми и затоа ќе ѝ бидам вечно благодарен“.
С. С. | Црнобело
