Огњен Амиџиќ и сопругата чекаат второ дете, една година по раѓањето на синот - Мина е во 6-иот месец од бременоста
- Детали
- петок, 05 септември 2025
Популарниот водител и сопругата го добија синот Перун во 2024-та година, а до крајот на оваа го чекаат и второто дете.

Еден од најпопуларните српски водители, Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина, наскоро ќе добијат второ дете.
Според pink.rs, кој ја пренесе веста за бременоста на Мина, таа е веќе во шестиот месец.

Според нивните извори, Мина се чувствувала одлично и со Огњен едвај чекаат да се роди нивното второ дете.
За потсетување, тие го добија синот Перун во 2024-та година.

Нивната љубовна приказна започна во времето кога таа работеше како хостеса во емисијата на Огњен, „Амиџи шоу“.
На почетокот тие беа пријатели и соработници, но нивното дружење прерасна во љубов.

Инаку, Мина е трета сопруга на водителот.
Тој бил прво во брак со ТВ-водителката Милица Марковиќ, а потоа со манекенката Данијела Димитровска, со која има син.
А. Ј. | Црнобело
