„Ќе ги чувам нашите змејчиња“ - Основачот на EXIT ја изгуби сопругата на 44 години - имаа 3 деца, ѝ приреди свадба изненадување

Пораката од сопругот Душан на Инстаграм гласи:

„Драга моја Ивана, ти се обраќам во сегашно време, затоа што те чувствувам жива, присутна и посјајна од кога било, во себе и секаде околу мене.

И додека танцуваш со ангелите, сакам да ти шепнам нешто важно… Ти давам завет дека со секој здив, мисла и дело ќе ги чувам нашите змејчиња и ќе ги водам низ животот за да станат луѓе какви што секогаш сакавме да бидат.

Дека ќе бидат опкружени со луѓе што те сакаат, добро те познаваат и што ќе им раскажуваат за тебе. Ќе им ја пренесуваат, секој на свој начин, бескрајната љубов што ја имаш за нив.

Давам завет дека ќе го чувам живо сеќавањето на тебе, за целиот свет да ја почувствува твојата божествена искра што толку силно свети за сите нас.

Ќе сведочам пред сите колку е бескраен твојот капацитет за љубов и колку го сакаш светот.

Секогаш ми велеше дека сè што правиме треба да има смисла. Имавме на нашиот пат многу успеси, но и падови, а од овој врв на којшто нè однесе сега, сè се гледа јасно.

Смислата на твоето заминување во рајските градини е исполнувањето на божествената цел за која дојде меѓу нас - да го преобразиш светот со твојата безусловна љубов, која од небото веќе се разлева врз сите нас што те повикуваме во нашите срца.

Твојата душа одлучи дека дојде моментот кога твојата љубов треба одозгора да нè води и чува најсилно што може.

Твоето семејство ќе биде продолжена рака на таа мисија на овој свет, а ти ќе бидеш нашата врска со небесата.

Благодарен сум на Бог што имав и имам можност да бидам едно со тебе, те сакам Ивана и засекогаш ќе те сакам, онака како што велиме во нашето семејство - најбескрајно.

Твој Душан“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но... „Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели П...

Најчитани неделава