Алекса Перовиќ доби трето дете, прво со втората сопруга - се прослави во „X Фактор“ со Даниел Кајмакоски
- Детали
- вторник, 10 јуни 2025
„Ти благодарам животе за животот“, напиша српскиот пејач, кој пронајде среќа и мир со втората сопруга. Со саканата Исидора постојано снима забавни видеа за социјалните мрежи, но открива и дека сите го фалат како со првата сопруга се справиле со разводот.

Српскиот пејач Алекса Перовиќ, кој се прослави со регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски, вчера (09.06) го доби своето трето дете, кое му е всушност прво од вториот брак со саканата Исидора.
Тој ја сподели среќната вест за породувањето на неговата сопруга Исидора на Инстаграм, каде објави и фотографии од болницата.

На една од фотографиите се гледа Исидора како го држи новороденчето на гради, а Алекса до објавата кратко напиша:
„Ти благодарам животе за животот“.
На синот тие му го дадоа името Мијат.


Инаку, Алекса од првиот брак со Милица, кој заврши во 2023 година, веќе има две ќерки.

Потоа брзо пронајде љубов со Исидора и во кругот на најблиските пријатели и семејството со неа го изговорија судбоносното „да“.

За разводот од Милица јавноста дозна дури кога самиот Алекса го откри, а тогаш истакна дека му било важно сè да остане надвор од медиумското внимание.
„Не сакавме да правиме циркус од приватниот живот. Сите нè фалат за начинот на кој го поминавме тоа и како денес комуницираме.
Не сакам да градaм кариера на скандали“, изјави во една пригода пејачот.
Како изгледа неговата втора сопруга Исидора:




