Милица Тодоровиќ се породи во тајност - Остана бремена по 2 месеца врска, веќе не е со партнерот

Пејачката Милица Тодоровиќ детето ќе го расте сама, без партнерот што го криеше и со кого се раздели во текот на бременоста.

milica-todorovikj-se-porodi-vo-tajnost-ostana-bremena-po-2-meseca-vrska-vekje-ne-e-so-partnerot-01.jpg

Српската пејачка Милица Тодоровиќ стана мајка. Таа се породи денес, во тајност, во приватна клиника во Белград, а на свет донесе момче, пишуваат српските медиуми, кои стигнале до информацијата за породувањето.

Според нив, породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро.

milica-todorovikj-se-porodi-vo-tajnost-ostana-bremena-po-2-meseca-vrska-vekje-ne-e-so-partnerot-04.jpg

Интересно е што Милица знаела дека ќе роди ќерка, па дури отпосле лекарите потврдиле дека ќе има син.

Таа детето ќе го расте сама, без партнер, со кого се раздели во текот на бременоста.

milica-todorovikj-se-porodi-vo-tajnost-ostana-bremena-po-2-meseca-vrska-vekje-ne-e-so-partnerot-03.jpg

Со мажот, чиј идентитет не сакаше да го открие, била во врска два месеца пред да остане бремена.

Сето ова се случуваше брзо откако пејачката се сврши со Марио Баришиќ, но по него беше распишана меѓународна потерница и тој беше уапсен, а Милица го остави и ја раскина свршувачката.

milica-todorovikj-se-porodi-vo-tajnost-ostana-bremena-po-2-meseca-vrska-vekje-ne-e-so-partnerot-02.jpg

Прочитајте и Српската пејачка Милица Тодоровиќ среде скандал - Свршеникот ѝ беше уапсен по потерница од Интерпол, таа се откажа од него

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Во недела сакале да соопштат дека е бремена, во петок двајцата загинаа под натстрешницата во Нови Са... „Милош и Анѓела. Требало да се најдат на железничката станица во Нови Сад. Беа в...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...
Бресквица има нов дечко, откако раскина со бившиот по 5 години врска и гласините за афера со Лука До... Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше опседнат со неа, но и покрај гласините за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg