Во недела сакале да соопштат дека е бремена, во петок двајцата загинаа под натстрешницата во Нови Сад
- Детали
- понеделник, 03 ноември 2025
„Милош и Анѓела. Требало да се најдат на Железничката станица во Нови Сад. Беа во среќна врска и чекаа дете. Во недела планираа тоа да им го соопштат на нивните родители, а во петок загинаа“ - гласи дел од кратката емотивна приказна која вирално се шири на социјалните мрежи, една година по несреќата.

На 1 ноември 2025 се наврши една година од трагичната несреќа во Нови Сад, кога се сруши натстрешница од железничката станица и 16 луѓе го загубија животот.
16 невини луѓе, со свои судбини, свој животен пат, прекинати соништа, недопишани приказни и голем број пријатели и роднини кои засекогаш ќе чувствуваат болка заради неправдата која се случи.
Една од многуте тажни приказни, е онаа на Анѓела Руман (20) и Милош Милосављевиќ (21), дечко и девојка кои заедно загинаа, а она што е најболно е што отпосле се дозна дека таа во себе носела уште еден живот.

Таткото на Милош, во една прилика за српските медиуми откри:
„Тоа не го знаевме до тој ден, дека неговата девојка била бремена. Тоа сакаа да ни го кажат на тој семеен ручек за постарите, дека девојката му е бремена. Планираа семеен ручек во недела“.
За жал, тие не ја дочекаа таа проклета недела и два дена претходно загинаа, а на социјалните мрежи сега вирално кружи приказната за нив, која можеби е малку исфилувана, но сепак крши срца.

Нараторот вели:
„Милош и Анѓела. Требало да се најдат на Железничката станица во Нови Сад.
Беа во среќна врска и чекаа дете.
Во недела планираа тоа да им го соопштат на нивните родители, а во петок загинаа.
Анѓела дошла во Нови Сад пред Милош. Милош малку доцнел заради гужва во сообраќајот.

Кога го видела, се стрчала во неговата прегратка.
Додека биле така прегрнати, настрешницата се срушила врз нив и бебето во стомакот.
Нивната љубов и трагедија ќе ја памти цела Србија.
Слава им!“
Кликнете на видеото:
М. М. | Црнобело
