Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од болница
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електронска алка за надзор, сега Нина Џогани (21) повторно скандалозно се однесува и се снима во болница, веднаш по пластичната операција на носот.

Нина Џогани од Србија е помалата ќерка на пејачката Анабела Атијас и танчарот Гаги Џогани и помала сестра на ријалити ѕвездата Луна Џогани (29).
Работи како персонален тренер, а на својот Инстаграм профил со видео на Инстаграм Стори откри дека си направила пластична операција на носот.
„Јас, на Инстаграм директно од анестезија“, напиша таа.

Областа околу носот ѝ во завои и покриена со фластери, а со оглед на тоа што се снима брзо по интервенцијата, се чини дека сè поминало во најдобар ред.


Нејзината мајка, пејачката Анабела Атијас, во една пригода проговори за нејзиниот избор на професија.

Анабела за Нина вели:
„Таа целиот живот е во спортот, беше сериозна теквондо натпреварувачка.
Спортот ја привлекува, заврши курс за персонален тренер и ова во моментов најмногу ја привлекува.
Млада е и сакаше да почне од фитнесот и да гради тренерска кариера. Таа навистина го сака тоа и целосно е посветена.

