Српската пејачка Милица Тодоровиќ среде скандал - Свршеникот ѝ беше уапсен по потерница од Интерпол, таа се откажа од него
- Детали
- среда, 19 февруари 2025
Наводниот бизнисмен од Хрватска бил уапсен во станот на познатата пејачка. Осамнаа информации како за неговите финансиски превари и фалсификување, така и за неверството додека бил во љубовна врска со Милица.
Српската пејачка Милица Тодоровиќ со денови е среде скандал, откако нејзиниот свршеник беше уапсен со меѓународна потерница од Интерпол.
Нејзиниот сакан Марио Бериша, наводен бизнисмен од Хрватска, го гонат од Загреб поради превари и фалсификување и неговото апсење наводно се случило во станот на пејачката, според пишувањата на српските медиуми.
фото: Скриншот од емисијата „Папарацо Лов“
Милица веднаш по скандалот се огради, најверојатно за да не се фрли црна дамка на нејзината музичка кариера и репутација, а по целиот скандал дури и профитираше со оглед на тоа што гледаноста на нејзините музички спотови драстично се зголеми, а познато е дека пејачите заработуваат и од бројот на прегледи на Јутјуб.
Но, таа гледа да се оттргне од целата ситуација и да покаже дека продолжила понатаму.
Марио Бериша
Вчера (18.02) на социјалните мрежи се пофали дека нејзината песна „33“ има 5 милиони прегледи, што е голем успех.
Иако песната е издадена пред 4 месеци, уште е многу актуелна во трендинг листите. Милица проговори за песната пред неколку месеци.
„Така е тоа во животот, некогаш ти оди, некогаш не. И не само кај мене, така е кај сите луѓе.
Јас сум само малку почувствителна од другите и му благодарам на Драган Брајовиќ - Браја што го напиша мојот животен текст.
Јас сум жена борец и сè кажав низ песна“.
Инаку, наводниот бизнисмен од Хрватска и веќе поранешен свршеник на Милица паралелно се гледал и со една српска старлета, скандалозната Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





