Детали од предбрачниот договор на Мелина, видеа од свадбата + Зошто Харис Џиновиќ се откажа од ќерката?
- Детали
- вторник, 21 април 2026
Во јавноста излегоа детали од предбрачниот договор на Мелина и Џефри, а милионерот јасно ги дефинирал финансиските рамки на бракот. Бившиот Харис Џиновиќ, пак, изјави: „Мелина има кажано ‘Да заработував и да имав пари како Харис, не би давала на сите’, а тоа значи ни на мене, ни на едното, ниту на другото дете“. Погледнете снимки од свадбата...
Скриншот јутјуб видео
По повеќе од две децении заеднички живот, Мелина Галиќ и Харис Џиновиќ решија да стават крај на својот брак, а сега Мелина стапи во брак со богатиот Англичанец Џефри Пол Арнолд Деј (70) во Монако.
Харис во една пригода откри дека нивните деца, Џина Џиновиќ и Кан Џиновиќ, биле запознаени со ситуацијата поврзана со проблемите во бракот со нивната мајка уште пред тој јавно да зборува за тоа.
Харис во една пригода изјави:
„Тие го знаеја тоа многу пред мене. Додека Мелина беше во брак со мене, целиот живот бев татко, домаќин, пријател и од мене беше доволно дадено, а да не зборувам дека бев дарежлив и со финансии.
Госпоѓица Галиќ, а не Џиновиќ, еднаш рече: ‘Да заработував и да имав пари како него, не би давала на сите’, а тоа значи ни на мене, ни на едното, ниту на другото дете“.
Во јавноста привлече внимание и фактот што по свадбата на Мелина, Харис во една изјава спомена само едно дете, што предизвика бројни коментари, особено бидејќи нивната ќерка Џина присуствувала на свадбата на мајка ѝ.
Oчигледно Харис лут поради тоа, се откажува од неа.

За свадбата на Мелина, тој изјави:
„Не ме интересира што се пишува, ниту ме интересираат реалните настани поврзани со неа.
Одамна, откако се разделивме, се свртев кон мојот живот и моето дете. Што имам јас со тоа?
Може да се омажи, да се убие, што сака нека прави... не ми е грижа. Не ми паѓа на памет да размислувам за минатото“.
Што значи тој споменува само едно дете, а не децата.
Инаку, во јавноста излегоа детали од предбрачниот договор на Мелина и Џефри.
Според информациите, Мелина наводно со својот партнер јасно ги дефинирала финансиските рамки на бракот. Односно, тој со неа.
