Харис Џиновиќ за свадбата на бившата Мелина: „Што сака нека прави, да не бев јас, ништо од тоа немаше да биде гламурозно“

„Не ме интересираат случувања поврзани со неа. Одамна јас, откако се разидовме, се свртев кон својот живот. Може да се омажи, да се убие, што и да сака...“ - вели брутално Харис Џиновиќ за српските медиуми по свадбата во Монако на бившата. 

haris-djinovikj-za-svadbata-na-bivshata-melina-shto-saka-neka-pravi-da-ne-bev-jas-nishto-od-toa-nemashe-da-bide-glamurozno-01.jpg

Викендов, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, Мелина, се омажи за британски милионер, кој е 22 години постар од неа.

Парот го кажа судбоносното ДА во Монако, каде гостите пристигаа со јахти, а потоа со хеликоптери заминаа во Портофино за главната свадбена прослава.

Додека Мелина е во фокус на медиумите со својата луксузна свадба, српските медиуми го побараа Харис Џиновиќ да даде свое мислење за потегот на поранешната сопруга со која има две деца.

haris-djinovikj-za-svadbata-na-bivshata-melina-shto-saka-neka-pravi-da-ne-bev-jas-nishto-od-toa-nemashe-da-bide-glamurozno-02.jpg

Ќерката Џина застана на страната на мајка ѝ уште веднаш по разводот, па беше во Монако за свадбата, додека пак синот Кан, не ја поддржува и повеќе е со својот татко.

Како и претходно, Харис повторно во свој стил, по малку дрско, за српски Telegraf изјави:

„Ништо не следев, ниту пак што било ме интересира. Немам никакви желби ниту пораки поврзани за неа, таа едноставно не постои за мене и тоа е крај.

Што треба јас да коментирам за некој што е ништо. Не ме интересира што се пишува, ниту ме интересираат случувања поврзани со неа.

Одамна јас, откако се разидовме, се свртев кон својот живот, кон своето дете, така што немам ништо со тоа. Може да се омажи, да се убие, што и да сака... што ме интересира мене.

Јас одамна продолжив понатаму, какви разводи, какви венчавки. Да не сум јас Харис Џиновиќ ништо не би било гламурозно од сето тоа“.

Пејачот периодов е свртен кон своето семејство и настапите, а слободното време пробува да го помине во спортско-рекреативни активности.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg