Харис Џиновиќ за бившата Мелина: „Не можам да ја наречам дама, премногу ѝ давав слобода, ѝ здосадив“

„Кога реков дека премногу давав, не мислев на финансискиот дел, туку на слободата која ја живееше. Можеше да оди кога сака, да дојде кога сака, да патува кога сака, да троши колку сака... мислев на сè. Секако дека сето тоа чинеше пари, но не беше важно, многу ја сакав. Тука ништо не се промени, освен што сме разделени. Така дамата сакаше, пардон, госпоѓата. Дама не може да биде“ - изјави Харис Џиновиќ 10 месеци по разводот со Мелина, која веќе е свршена за милионер во Монте Карло. 

haris-djinovikj-za-bivshata-melina-ne-mozham-da-ja-narecham-dama-premnogu-i-davav-sloboda-i-zdosadiv-1.jpg

На 25-ти јануари годинава осамна веста дека српскиот пејач Харис Џиновиќ (74) официјално се разведува од 30 години помладата сопруга, модната дизајнерка Мелина.

Тие се запознале во 2002-ра, кога таа имала само 22 години, а тој 52. Се венчале во 2014-та година, а од бракот заедно ги имаат ќерката Џина и синот Кан.

По оваа вест, имаше неколку јавни препирки меѓу нив, кога тој зборуваше дека тој бил дарежлив, а таа била неблагодарна, како и дека погрешил што „ѝ давал премногу“, а неговите изјави наидоа на шеги од јавноста.

Тогаш тој зборуваше дека никогаш не му било проблем да ѝ обезбеди финансиски што ѝ да посака, а го прифатил дури и тоа дека по разводот си го спакувала цел скап накит, но не можел да ѝ прости за неверствата. 

„Не жалам за парите, туку за непочитта“ - Харис Џиновиќ официјално се разведе од Мелина и проговори за неверствата

За помалку од една година оттогаш, Мелина веќе живее во Монте Карло и се сврши за милионер, а Харис повторно се огласи во јавност на оваа тема и проговори за тогашните изјави и ставот. 

„Еве сега ќе повторам. Луѓето тоа не го сфатија добро тогаш, па направија фама.

На прашање од новинар одговорив дека сум виновен што премногу давав и што во домот не постоеја никакви граници.

Во мојот дом никогаш немаше – не давам, не смееш, не можеш, нема. Ниту јас сум строг човек, ниту таа кон мене била строга жена.

Кон децата можеше да биде строга мајка, но во однос на мене не. Кога реков дека премногу давав, не мислев на финансискиот дел, туку на слободата која ја живееше.

haris-djinovikj-za-bivshata-melina-ne-mozham-da-ja-narecham-dama-premnogu-i-davav-sloboda-i-zdosadiv-3.jpg

Можеше да оди кога сака, да дојде кога сака, да патува кога сака, да троши колку сака... мислев на сè. Не знам што повеќе можев, уште раката да ја ампутирав, па и неа да ѝ ја дадев.

Секако дека сето тоа чинеше, но не беше важно, многу ја сакав, го сакав и тоа семејство. Тука ништо не се промени, освен што сме разделени.

Така дамата сакаше, пардон, госпоѓата. Дама не може да биде. Мислеше дека на крајот на светот има нешто подобро, ѝ здодеав веројатно и јас.

Не е мал период 20 години брак. Не можам да обвинувам некого што веќе не сака да биде со мене, јас нема да прашам ни за причината“ – изјави пејачот во емисијата „Premijera“.

Погледнете го видеото:

Сепак, изгледа како Мелина да не се оптоварува многу со оваа тема и си го живее својот луксузен живот во Монако, со новиот свршеник, кој ѝ помогна да си отвори продавница каде ќе ги продава нејзините фустани. 

Прочитајте и Мелина Џиновиќ се вери со милионер во Монте Карло по разводот со Харис – тој беше разочаран од неверствата, таа ужива во луксуз

M. M. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Бившата сопруга на Игор Којиќ проговори првпат по разводот: „Кога го запознав, дома веднаш кажав - ќ... „Штом го запознав Игор, дојдов дома и реков: „Да знаете, ова е момчето за кое ќе...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Харис Џиновиќ за свадбата на бившата Мелина: „Што сака нека прави, да не бев јас, ништо од тоа немаш... „Не ме интересира што се пишува, ниту ме интересираат случувања поврзани со неа....
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата ... „Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg