Бившата сопруга на Игор Којиќ проговори првпат по разводот: „Кога го запознав, дома веднаш кажав - ќе се омажам за него“
- Детали
- недела, 22 февруари 2026
„Штом го запознав Игор, дојдов дома и реков: „Да знаете, ова е момчето за кое ќе се омажам“. Тоа го кажав уште првиот ден, бидејќи имав чувство какво што немав со никој друг...“, вели Софија Дачиќ, која по Северина му беше сопруга на синот на Кеба.

Софија Дачиќ е поранешна сопруга на Игор Којиќ и девојка со амбиција да изгради музичка кариера, преку појавување во музичко талент шоу.

Таа сега повторно го привлече вниманието со фотографија од теретана. Софија позираше во кафеав спортски топ и тесни хеланки кои ја истакнаа нејзината витка линија, а особено до израз дојдоа затегнатите стомачни мускули.

Нејзините следбеници велат дека таа изгледа подобро од кога било.
Софија навистина води сметка за својот изглед и форма, додека Игор веќе ја замени со друга девојка.

Игор Којиќ неодамна се појави на концерт на својот татко со новата девојка, а потоа и на ручек со пријатели.
Прочитајте и По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женска

Инаку, Софија неодамна првпат за српскиот магазин „Блиц“ зборуваше за љубовта со Игор Којиќ и откри како се запознале...
„Од разводот со Игор помина извесен период.
Инаку, сосема случајно се запознавме во град, не ни знаев кој е Игор бидејќи носеше некаква капа и не го препознав.
Тој ден бев на фризер и изгледа дека се исплатело, ми рече дека ми е убава фризурата. Така започна сè.

