По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женска
- Детали
- недела, 15 февруари 2026
Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор и неговата мајка Оља, а сега веќе ја носи на ручек средби со пријателите. Дали бившиот на Северина конечно ќе пронајде среќа по двата пропаднати брака? Втората сопруга му се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и сака да стане пејачка...

Игор Којиќ беше на ручек со новата девојка и пријатели во еден ресторан во Белград.

Неговата нова избраничка е впечатлива бринета. Таа покрај него блеска и не ја симнува насмевката од лицето.
Парот беше во друштво на нивните блиски пријатели и кумови – Снежана и Милан Борјан.
„Со кумовите традиционално во недела“, пишуваше во објавата што Снежана ја сподели на својот Инстаграм профил.

Неговата нова девојка во октомври 2025-та седеше во ложата на концертот на Кеба покрај него и неговата мајка Оља.
Повеќе фотографии од новата девојка на Игор, на концертот на татко му, ТУКА...
Инаку, Игор Којиќ само кратко пред тоа официјално се разведе од 15 години помладата Софија Дачиќ, која потоа се појави во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ и тогаш го спомена поранешниот сопруг.
Тие беа во брак само половина година, започнувајќи од јануари 2025-та.




Дали Игор, ќе ја пронајде својата среќа со новата девојка по Северина и Софија, останува да видиме...

С. С. | Црнобело
