Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и несреќа, како и секогаш“
- Детали
- сабота, 06 јуни 2026
„Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 недели“, вели Наташа Беквалац во свој уникатен и искрен стил, но хит стана со описот на својот љубовен живот. Плус, сподели кој е нејзиниот режим на исхрана и препорача секој да оди оди на психолог еднаш неделно.

Наташа постојано искрено зборува за својот живот, а сега привлече внимание со изјава за својот љубовен живот.

Наташа вели:
„Имам 46 години и годините носат со себе сè и сешто. Она што некогаш можев да го направам за три дена, сега не можам ни за три недели.
Потребна е поголема контрола, потребна е поголема дисциплина, а јас сум Вага, естет.

Не сакам да изгледам убаво во очите на другите луѓе, туку во сопствените очи.
Моето тело е мој храм и сакам да бидам добро и здраво, а на емотивен план – ништо. Тага, горчина и несреќа. Како и секогаш“.

Пејачката стана хит на социјалните мрежи поради оваа изјава за својот љубовен живот, а многумина во коментарите напишаа дека сочувствуваат со неа и дека и кај нив состојбата е иста.
Инаку, таа иако заработува завидни суми на пари од своите настапи и успешна музичка кариера вели дека има мака со трошењето.

Во една пригода за својата финансиска ситуација се пошегува:
„Се промени на полошо, кога станува збор за финансиските проблеми. Сè е полошо. Кој знае дали ќе завршам во затвор (ха-ха).
Се надевам дека нема да завршам во лудница, тоа ми е многу поважно“.
