Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и несреќа, како и секогаш“

Таа неодамна на својот Инстаграм профил откри и кој е нејзиниот режим на исхрана:
„Пијам меѓу 2 и 3 литри вода дневно.
Спијам од 6 до 8 часа и, по можност, заспивам пред полноќ.
Првиот оброк го внесувам меѓу 10 и 12 часот, а завршувам меѓу 18 и 20 часот (8 часа јадење), по што пијам само вода.
Појадок: палента или 3 јајца и салата, или интегрален сендвич.
Ручек: месо (пилешко, мисиркино или риба) + печен зеленчук + салата, колку што сакате.
Вечера: кисело млеко со чија или половина од ручекот.
Но... она што е поважно од тоа да ни мерат сантиметри во струкот е колкав товар навистина носите на своите мали грбови.
Верувајте ми... и во ова лудо време можеби е и најважно да имате свој психолог. Препорачувам еднаш неделно“.
С. С. | Црнобело
