„Најбитниот ни фали, но животот продолжува сине“ – Сопругата на Панчо емотивно му честита полуматура на синот
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број, оној најбитниот ни фали. Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого, твојата добрина е одлика на нашето воспитување“ - напиша Маја, сопругата на Панчо, по повод полуматурата на нивниот син.

Еден од синовите на прерано починатиот Владимир Блажев Панчо, Андреја, вчера прослави полуматура.
На прославата го испрати Перо Антиќ, долгогодишен пријател на неговиот татко, кој објави видео како му отвора врата од автомобил и напиша: „Среќна матура, лепотану, Блажев јуниор“.

Тој во објавата ја означи и мајката на Андреја, Маја, која и самата сподели емотивна честитка до синот по повод полуматурата, со заедничка фотка.
Во описот гордата мајка напиша:
„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број, оној најбитниот ни фали, но животот продолжува сине, ти посакувам успеси на секое поле, ти посакувам да си жив и здрав, твојот успех е и мој.
Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого, твојата добрина е одлика на нашето воспитување.
Те сакам со цело срце, твоја мама“.

М. М. | Црнобело