Маја Панчева (53) згодна во бикини, откако откри дека качила 10kg во менопаузата
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
Маја на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од море и покажа дека и во шестата деценија изгледа совршено.

Пејачката Маја Гроздановска Панчева, која пред неколку дена го прослави својот 53. роденден, ја отвори летната сезона, со капење во море.

Таа на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од водата, а на кои изгледа совршено.

Маја и во шестата деценија е згодна како и пред 20 и 30 години, но неодамна откри дека вежба и дека внимава на исхраната за да биде во форма.

При гостување во подкастот „Урок“ на Сергеј Варошлија, таа кажа дека во менопаузата качила 10 килограми и дека во тоа време носела широка облека за да „се скрие“.
„Да ти кажам, имав интересен и чуден период, каде што бев 10 кила плус од ова, и цело време носев широки блузи на V израз и широки панталони.

Соработував со повеќе нутриционисти, да видам да не е нешто до храната, а почнав и да вежбам активно. Резултатот се виде точно за една година.
И затоа можам да кажам за жените што влегуваат во тој период, па и за помладите, дека нема нешто поубаво од физичка активност“, рече тогаш Маја.

Пејачката, која периодов настапуваше и на Мајски оперски вечери, сè почесто им се враќа на свирките во живо, па многу често пее и заедно со Дац и Александар.
А. Ј. | Црнобело