Маја Гроздановска Панчева за менопаузата: „Се здебелив 10kg, носев широка облека цело време“
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
„Жените се срамат да зборуваат за некои од тие работи, не знам зошто. Ние со колешките на работа постојано ‘го вртиме’ тој еден ист муабет и си кажуваме работи кои ни се случуваат. И друго е кога жената е спремна на сето тоа, на сите промени, ќе си го врзе во главчето и ќе знае што ја очекува“, вели Маја Гроздановска Панчева.

Пејачката Маја Гроздановска Панчева, со години е една од омилените на домашната музичка сцена, но и за една од најзгодните дами кај нас.
На сцената енергична, а приватно мирна и тивка, Маја отворено зборуваше на различни теми во подкастот „Урок“ на Сергеј Варошлија.

Таа раскажуваше за кариерата, за ќерките, сопругот Дарко, но сама ја начна и темата за менопаузата, нешто со што се соочува секоја жена.
Кога Сергеј ја праша Маја колку води сметка за изгледот, таа му одговари дека е општо познато дека жените влегуваат во перименопауза, па климакс, а дека тоа се одразува и на изгледот.

„Да ти кажам, имав интересен и чуден период, каде што бев 10 кила плус од ова, и цело време носев широки блузи на V израз и широки панталони.
Соработував со повеќе нутриционисти, да видам да не е нешто до храната, а почнав и да вежбам активно.

Резултатот се виде точно за една година.
И затоа можам да кажам за жените што влегуваат во тој период, па и за помладите, дека нема нешто поубаво од физичка активност“, вели таа.

