Маја Гроздановска Панчева за менопаузата: „Се здебелив 10kg, носев широка облека цело време“
На ова Сергеј вели дека порано не се зборувало на тема менопауза, а дека жените сега сè погласно зборуваат за ова, па ја прашува Маја дали жените треба да се отворени кога е менопаузата во прашање.
„Жените се срамат да зборуваат за некои од тие работи, не знам зошто.
Ние со колешките на работа постојано ‘го вртиме’ тој еден ист муабет и си кажуваме работи кои ни се случуваат.

И друго е кога жената е спремна на сето тоа, на сите промени, ќе си го врзе во главчето и ќе знае што ја очекува.
Сметам дека тој период на перименопауза и климакс кај секого е различен. Јас го поминав некако интересно, но верувам дека во догледно време ќе помине“, вели таа.

А на прашањето каков совет би им дала на жените кои се наоѓаат во оваа фаза, Маја вели:
„Физичка активност, пешачење... дури и не внимавам толку многу на исхраната како што можеби треба, но еве, пешачење и физичка активност, мене лично ми помогнаа многу“.

Таа вели и дека поминала низ период на отеченост, хормонален дисбаланс и се чудела што ѝ се случува.
„Важно е во овој период жените да го работат тоа што го сакаат, да се среќни и пред сè да се сакаат себеси.
Јас тоа можеби многу доцна го сфатив.
Не дека сум самобендисана или слично, но си посветив малку повеќе внимание на себе“, кажа Маја.

Погледнете го целиот разговор:
А. Ј. | Црнобело
