Зошто некои се убедени дека Елен Деџенерис има куру – болест која се пренесува со канибализам?
Куру е исклучиво ретка и смртоносна болест која се пренесува со канибализам. Најмногу е забележана кај народ во Папуа Нова Гвинеја кој како дел од погребните церемонии го јадел мозокот на починатата личност. Но, по обелоденувањето на документите за Џефри Епстин, се разгоре теоријата дека Елен му била блиска пријателка, дека била канибал и дека сега ја има болеста.

По обелоденувањето на документите за случајот со педофилот Џефри Епстин, сомнежите на јавноста кон елитата уште толку се зголемија.
Штом се дозна дека познаниците на Епстин го посетувале неговиот остров за да силуваат дури и деца, многу теории на заговор поврзани со славните и богатите престанаа да звучат така лудо.
Една од теориите поврзани со Епстин е и дека на неговиот остров имало случаи со канибализам.
Ова засега не е потврдено и според информациите достапни за јавноста, нема докази дека Епстин и богаташите јаделе луѓе.
Но, во меѓувреме на тапет се најде Елен Деџенерис која, за оние кои веруваат во теоријата, е доказ дека сето ова е вистина.
По втората победа на Доналд Трамп, во знак на револт, Елен ја напушти Америка и се пресели во Англија со сопругата.
Истовремено, познатата водителка се повлече од јавниот живот, што во голема мера се должи на нејзината уништена репутација.
Елен и сопругата сега наводно размислувале да се вратат во Америка, но на поновите папарацо фотки, водителката изгледа како да има проблеми со здравјето.
Нејзиниот изглед, заедно со уништената репутација и теориите поттикнати од случајот со Епстин, беа доволни за да почне да се шпкулира дека Елен страда од куру – болест поврзана со канибализам.
Теоријата брзо се прошири на твитер, а како „доказ“ за некои корисници е изгледот на очите на водителката.
Некои тврдат дека болеста предизвикува слепило, па наводно затоа очите на Елен на поновите папарацо фотки изгледале по малку чудно.
Други велат дека таа била „најпознатиот канибал во Холивуд“ и редовно се дружела со Епстин.
Важно е да се нагласи дека и покрај популарноста на теоријата, нема докази дека Елен била дијагностицирана со куру и се споделува само на социјалните мрежи.
Исто така, Елен нема никаква поврзаност со случајот на Епстин и во документите нема докази дека се дружела со него или дека некако била поврзана со него.
Но, што се однесува до болеста куру, таа е вистинска и е навистина фасцинантна појава.
