„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион евра“
„Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја убедиле да дава пари“, раскажува снаата на жена од Англија која станал жртва на неколку измамници кои мислела дека ја сакаат. Заминала и во Гана каде што друг маж ѝ ветувал љубов, како и помош да си ги врати парите, но на крај загинала во автомобилска несреќа.

Колку и да не сакате да признаете, ако сте како повеќето, сигурно во минатото сте имале љубовна врска за која сега се каете.
Факт е дека љубовта може да ве заслепи, но обично ваквите врски остануваат во сеќавање како лекција.
За жал, некои луѓе го злоупотребуваат ова и ја користат осаменоста другите за да добијат нешто од нив, неретко пари.
Во ваква ситуација се нашла Џенет Фордам од Англија чие семејство се сомнева дека не само што била жртва на измамници, туку и дека тие имале удел во нејзината смрт.
Таа почнала да ја раздава својата заштеда на мажи кои ѝ ветувале љубов, потоа отишла во Гана и на крај загинала во автомобилска несреќа.
Нејзиното семејство е сигурно дека несреќата не била случајност, а за The Sun ја споделуваат потресната приказна.
Џенет била осамена вдовица кога решила да им даде шанса на сајтовите за запознавање. Овде сретнала неколку мажи на кои им давала пари, а отишла во Гана каде во 2023-та загинала во автомобилска несреќа.
Нејзиното семејство вели дека не им е јасно како самоуверена и силна жена како Џенет се согласила да им даде сè на измамниците, а велат и дека долго време пробувале да ја вразумат.
Џенет починала во 2023 година, а според аутопсијата причина за смртта бил повреда на главата.
Таа била во автомобил со нејзиниот партнер од Гана, Кофи, со кого и живеела, а тој управувал со возилото.
Нејзиниот партнер поминал со минимални повреди, а ова дополнително го поттикнувало сомнежот на семејството на Џенет.
„Добиваме пораки од неа, но неколкупати погрешно го напиша името на внука ѝ, што е навистина чудно.
Исто така, таа обично потемнува на сонце, но по четири месеци во Гана, изгледаше побледо отколку тука во Англија. Секој ден вадеше пари од нејзината сметка и сето ова ни беше чудно.
Кога загина, нејзиниот партнер Кофи испрати фотографии од нејзиното тело во мртовечница. Беше страшно. Властите од Гана воопшто не ни помогнаа“, раскажува снаата на Џенет.
Таа додава дека аутопсијата била направена во Гана.
„Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја убедиле да дава пари“.