Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфликс?
Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско изненадување – покрај телото на исчезнатата жена по која трагале, тие нашле черепи претворени во чинии, стол со човечка кожа и органи во тегли…

На 3-ти октомври излезе новата сезона од антологиската серија Monsters на Нетфликс која се фокусира на вистински убијци.
Првата сезона беше за серискиот убиец Џефри Дамер, втората за браќата Менендез кои си ги убиле родителите, а новата, трета сезона е за убиецот Ед Гејн.
Ед Гејн не само што убивал, туку и откопувал мртви тела од гробишта за да прави украси од нивните коски и кожа.
Животот го поминал затворен во ментална институција, а починал на 77-годишна возраст во 1984 година.

Морничави детали за животот на Ед Гејн:
Роден во Висконсин во 1906 година, Ед Гејн пораснал со многу строги родители.
Неговата мајка била многу религиозна личност, па Ед и брат му смееле да излеваат од дома само за да одат на училиште.

Таа верувала дека така ги штити од искушенија, а ако Ед пробал да се спријатели со некој на училиште, го казнувала.
Иако Ед тврдел дека тој и брат му редовно биле тепани, за него, мајка му била идол.

Во период од неколку години, Ед ги изгубил и родителите, и брат му.
Најпрво, во 1940-та, татко му починал од проблеми со срцето, а четири години подоцна и брат му починал од истата причина.
Следната година, мајка му имала два мозочни удари, а вториот не го преживеала.

Овој период почнале проблемите со менталното здравје на Ед кои ќе кулминираат со низа страшни злодела.
Тој продолжил да живее во семејниот дом, работел како мајстор, а во меѓувреме почнал да се интересира за анатомија.

Иако бил малку чуден, соседите го гледале како безопасна личност, па никој не се посомневал во него кога во областа каде што живеел исчезнале неколку луѓе.
Меѓу исчезнатите била 54-годишната Мери Хоган која имала таверна што Ед често ја посетувал.
