Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад каналот Fantastic Adventures
Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала видеа со седумте посвоени деца. Но, зад камерите децата трпеле страшна тортура и бил казнувани на најсвиреп начин.

Машел Хобсон од Аризона, САД пред своите следбеници се претставувала како совршена мајка со седум посвоени деца.
Таа го водеше Јутјуб каналот Fantastic Adventures кој имаше над 800.000 следбеници и на кој споделуваше разни видеа со нејзините деца.
Но, зад камерите, седумте деца се соочувале со вистинска тортура – и физичка, и психичка.
Сепак, поради репутацијата што ја стекнала онлајн, беше непријатно изненадување кога во 2019 година, Машел беше обвиена за малтретирање деца, но и киднапирање.
Како што напредуваше истрагата, се откриваа и сè поморничави детали – децата кои биле згрижени кај Машел биле на возраст од 6 до 15 години, а таа ги отпишала од училиште за да може по цел ден да ги присилува да снимаат содржини за Јутјуб.
Кога, пак, децата не ја слушале или не ги задоволувале нејзините желби, Машел брутално ги казнувала.
Гледачите не биле свесни за ова, па кога каналот на Машел го достигнал пикот, видеата имале над 350 милиони прегледи што ѝ носеле огромна заработка која се проценува на околу еден милион долари годишно.
На видеата, децата делувале среќно, играле игри и се однесувале како и секое дете. Но, реалноста била многу поразлична.
Им нанесувала физички повреди, ги изгладнувала, ги затворала во соба…
Покрај посвоените деца, во домот била и биолошката ќерка на Машел, Џордин Даунс, која денес има 29 години.
За Daily Mail, таа открива потресни детали за тортурата што ја трпела.
„Целиот живот ме малтретираше. Јас и другите е деца бевме марионети долго пред и да помисли да снима видеа за Јутјуб.
Мајка ни ни велеше дека никој нема да ни верува ако кажеме дека нè малтретира. Постојано ни го кажуваше тоа. Нè заклучуваше во соби и ни се закануваше дека нема да ни дава храна“.
Иако во нивниот дом неколкупати дошле служби од Одделот за заштита на деца, Џордин вели дека малтретирањето било невидливо за надлежните.
„Мајка ми работеше во државна администрација и секогаш знаеше кога ќе има инспекција. Нè подготвуваше за ваквите посети, дури и ни се закануваше.
И тоа, не ни се закануваше дека ќе нè повреди, туку дека ќе нè убие ако кажеме нешто лошо за неа. Бев присилена да лажам секогаш кога имаше инспекција во домот“.
Најлошото било што Машел ги терала децата да се гледаат како конкуренција.
„Правеше да се мразиме едни со други и се случуваше да нè казни за туѓа грешка. Знаеше како да направи да се мразиме едни со други“.
Машел почнала да згрижува деца во 2005 година, а до 2019-та, кај неа поминале десетици деца.
