Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад каналот Fantastic Adventures
Биолошката ќерка на Машел, Џордин, била должна да се грижи за посвоените деца уште од нејзината деветта година.
„Бевме заглавени во тој дом каде што бевме малтретирани со години. Десетици деца беа малтретирани од мајка ми во период од 14 години“, додава Џордин.
Во куќата живеело уште едно биолошко дете на Машел – ќерка ѝ Меган. И, токму таа ја пријавила во 2019 година.
Кога полицијата пристигнала во домот, начекале изгладнети деца со темни подочници и многу бледа кожа.
Иако биле прегладнети, едно од децата не сакало да ја земе храната што му ја понудиле полицајците бидејќи се плашело дека Машел ќе го казни.
Кога децата почнале да откриваат детали за траумата што ја претрпеле, надлежните веднаш ја уапсиле Машел.
Истовремено биле уапсени и двата биолошки сина на Машел, на возраст од 31 и 33 години, кои исто така се појавувале во видеата.
Тие се обвинети за прикривање на тортурата што ја вршела мајка им.
Децата биле однесени на безбедно, додека Машел била во притвор и чекала судење.
Но, пред да биде изведена на суд, се здобила со повреда на мозокот и починала шест месеци подоцна.
„Целиот живот сакав правда за она што ми го правеше. Сметам дека смртта беше прелесна за неа. Ние страдавме со години, а таа помина само осум месеци во затвор – тешко ми е да го прифатам ова“, вели ќерка ѝ Џордин.
Џордин додава дека е гневна и на службите кои требало да ги заштитат неа и другите жртви.
„Нè изневерија. Имаше десетина истраги за мајка ми и ништо не се случи. Точно е дека децата лажат, но надлежните треба да можат да ги воочат предупредувачките знаци“.
Денес Џордин пробува да го остави тешкото минато зад себе, додека идентитетот на останатите деца не е споделен со јавноста за да се заштити нивната приватност.
Спирова С. | Црнобело
