„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија за да се пресели во друга земја“
Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како модел во родната земја. Но, во тинејџерските години дознала дека таа се рекламирала како „невеста по нарачка“ – нудела да се омажи со некој за пари, но и за да може да си замине од Русија…

Катја Суворова која живее во САД, а потекнува од Русија, со години не знаела кој е нејзиниот татко бидејќи мајка ѝ, Јулија, ѝ кажувала дека не ја сака.
Мајка ѝ била Русинка и до својата 17-та година, Катја мислела дека работела како модел додека живееле во родната земја.
Дури ѝ Јулија гордо и раскажувала за деновите кога позирала за модни списанија за „некои од најголемите руски брендови“.
Но, вистината била многу поразлична – мајка ѝ всушност се рекламирала како „невеста по нарачка“, односно се венчала со мажи кои ѝ плаќале да им биде невеста.
Катја ја споделува својата потресна приказна а магазинот The Sun и открива дека нејзините родители се разделиле кога била многу мала.
Разводот се случил во 1990-тите, во период кога се распаѓал Советскиот Сојуз, па мајка ѝ Јулија барала начин да избега од земјата.
За таа цел почнала да се рекламира како „невеста по нарачка“ и прво пробувала да најде сопруг во Европа.
По неколку неуспешни обиди, нашла Американец кој ѝ го организирал патувањето од Русија до Мексико, а потоа до САД.
Но, овој платен брак не траел долго, па Јулија почнала да бара нов маж за да не мора да се врати во Русија.
Додека се случувало сето ова, Катја раскажува дека мајка ѝ ја лажела за тоа кои се мажите, но и кое е нејзиното семејство во Русија.
„Мајка ми имаше пуштено мала реклама, на пишан на англиски на дното од страница од списание, во која пишуваше дека барала вечна љубов и семеен живот“, раскажува Катја која сега има 33 години.
Катја ја пронашла рекламата кога имала 17 години и веднаш ја прашала мајка си за неа.
Но, мајка ѝ само ѝ рекла: „Сите правеа се што е потребно за да избегаат од Русија. Беше кака апокалипса“.
„Многу ѝ се налутив и ѝ реков дека јас никогаш не би се продавала себеси. Сепак, сега имам повеќе разбирање за неа. Навистина го правела она што мислела дека е правилно“, споделува Катја.
Кога ја дознала вистината, на Катја почнале да ѝ разјаснуваат многу работи од животот со мајка ѝ, вклучувајќи го и периодот кога уште биле во Русија.
