6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца)
Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеше во тоалет, сега без проблем можете да му кажете да ви донесе тоалетна хартија додека седите на шолјата. Ви звучи познато?

Постои теорија (која не е научно докажана) дека љубовта трае 3 години. Според неа, по ова време, хормоните веќе не работат исто, а љубовта почнува да бледнее.
Но, ако е вистинска, љубовта нема рок на траење, само го менува обликот, а работите што ви биле важни на почетокот (на пример да го импресионирате другиот), сега се небитни, бидејќи се познавате добро, и во убавите, но и во неубавите моменти.
Па, колку реално се менува врската (и однесувањето на партнерите) по 10 години заедно (и едно или неколку деца)?
Пред 10 години се разгалувавте еден со друг со спонтано купени подароци, а сега размислувате како да заштедите за она што ви треба.

Ако пред 10 години избиравте автомобил врз основа на неговиот изглед и способноста да стигне до 100km/h за неколку секунди, сега изборот е попрактичен - за да може да ви е удобно, да има место за деца, куфери, количка...

Некогаш можевте да лежите во кревет со часови откако ќе се разбудите, а сега станувате за да си играте со вашето дете или да му направите појадок.

На почетокот се будевте пред него за да се нашминкате и да изгледате како актерките на филм кога ќе станат од спиење - средено и свежо, а сега ја цените секоја минута сон. И не ви е гајле што косата ви е неуредна.

Ако на почетокот на вашата врска бегавте од неговата куќа за да одите во тоалет, сега без проблем можете да го замолите да ви донесе тоалетна хартија додека седите на шолја.

Ако на почетокот на врската биравте долна облека врз основа на нејзиниот изглед, сега купувате парчиња во кои ќе ви биде удобно.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
„Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан...
Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000...
Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови
Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“
„Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија...
Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...