„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“
„Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми овозможува да хранам две деца неколкупати неделно. Проблемот е што другарка ми никогаш не им пакува храна кога ги носи кај мене. Никогаш, ниту некаква ужинка. Доста често не носи ни пелени“.

Млада жена која нема деца на Редит ја споделува непријатната ситуација во која се наоѓа поради нејзина другарка.
Вели дека другарка ѝ почнала да ја користи како „бесплатна дадилка“ и да ѝ ги носи двете нејзини деца на чување, а честопати очекувала таа да им направи ручек и вечера.
Нејзината исповед во продолжение:
„Се викам Фејт и имам 26 години. Лили (27) ми е најдобра другарка уште од средношколските денови. Лили има две деца, на возраст од пет и три години. Многу ги сакам и пред да се случи сето ова, навистина уживав во времето поминато со нив.
Изминатава година, Лили почна сè повеќе да се потпира на мене за мали кои со текот на времето се претворија во целосна грижа за нејзините деца.
Најпрво бараше мали услуги, како да ги почувам децата околу еден час додека да оди во продавница. Потоа почна да ми вели ’Може ли да останат кај тебе до вечера? Преморена сум, а ти секако си дома‘.
Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум контакт за итни случаи на Лили и сопругот и дефинитивно не сум во финансиска состојба која ми овозможува да хранам две деца неколкупати неделно.
Проблемот е што Лили никогаш не им пакува храна кога ги носи кај мене. Никогаш, ниту некаква ужинка. Доста често не носи ни пелени.
Кога ќе ѝ спомнам за ова, ми вели дека финансиската ситуација не ѝ најдобра и дека јас секако веќе сум имала храна дома. Ова е точно, но тоа се мои намирници. А, и јас едвај го преживувам месецот.
Пред две недели ги остави децата кај мене без воопшто да ме праша, а имав состанок. Само ми тропна на врата, ми мавна и замина. Морав да им готвам ручек и го пропуштив половина работен ден.
Таа вечер, конечно ѝ кажав дека мора да поставиме граници. Ѝ реков дека не може да ги чувам децата освен ако не се договориме однапред и дека треба да им пакува и храна или барем да остава пари за јадење за нив.
Се налути и ми рече дека мислела дека пријателите треба да си помагаат, како и дека немала никој друг што може да ѝ помага. Потоа ме обвини дека сум се однесувала лошо бидејќи секако веќе сум ѝ помагала.
Неколку денови подоцна, ми испрати долга порака во која ми кажа дека се чувствувала запоставено, дека не разбирам колку е тешко мајчинството и колку ми било лесно што немам деца.
Сега речиси воопшто не ми зборува. Нашите заеднички пријатели се поделени – некои мислат дека ме искористува, други сметаат дека треба да покажам повеќе емпатија.
Се чувствувам ужасно бидејќи се грижам за неа и нејзините деца и знам дека има премногу обврски. Но, истовремено сметам дека преминува многу граници и дека ме гледа како бесплатна дадилка и готвач за нејзините деца.
Па, дали сум лоша личност што веќе не сакам да бидам дадилка на мојата најдобра пријателка и да ѝ ги хранам децата?“
Во коментари, доминира мислењето дека жената треба да постави граници.
„Значи другарка ти очекува да имаш пелени дома, ако немаш деца? Мислам дека веќе долг период не ти е најдобра пријателка“.
„Дефинитивно не си лоша личност. Те користи како бесплатна дадилка и ќе продолжи со тоа ако ѝ дозволиш да ти набива чувство на вина. Нејзините деца не се твоја одговорност“.
„Јас сум мајка на две деца и не ми се допаѓа однесувањето на другарка ти. На мајките им треба помош, но тоа не значи дека треба да бараат сè од истата личност“.
„Те искористува. Но, само ти можеш да го запреш ова“.
Што мислите вие за целата ситуација? Кој е во право и зошто?
Спирова С. | Црнобело
