Сите се згрозени од тоа што им го правел на жртвите по убиството – Кој е Џефри Дамер, серискиот убиец од новиот серијал на Netflix?

Цела деценија успешно ги криел убиствата, а сите се згрозени од она што го правел со останките на неговите жртви, кои најчесто биле хомосексуалци на возраст од 14 до 33 години. Кој е Џефри Дамер, монструозниот сериски убиец од САД од новата серија на Netflix?

site-se-zgrozeni-od-toa-shto-im-go-pravel-na-zhrtvite-po-ubistvoto-koj-e-djefri-damer-seriskiot-ubiec-od-noviot-serijal-na-netflix-01.jpg

Оние што сакаат да гледаат криминалистички серии веднаш побрзаа да го погледнат новиот серијал што почна да се емитува на Netflix, но важно е да се напомене дека содржината е вознемирувачка.

Серијалот Monster: The Jeffrey Dahmer Story во моментов е најгледан наслов на стриминг платформата и во една недела собрал над 196 милиони прегледи.

site-se-zgrozeni-od-toa-shto-im-go-pravel-na-zhrtvite-po-ubistvoto-koj-e-djefri-damer-seriskiot-ubiec-od-noviot-serijal-na-netflix-02.jpg

Серијалот е посветен на вистинската приказна за озлогласениот сериски убиец од 90-тите години од САД, Џефри Дамер, кој беше убиен во затвор во 1994-тата година.

Што знаеме за Џефри Дамер, кој бил тој и зошто светот остана згрозен од неговите убиства?

Џефри Дамер убил околу 17 лица во периодот од 1978-ма до 1991-ва година, а успешно ги криел своите злосторства повеќе од една деценија, иако неговата сосетка Гленда Кливленд ја предупредила полицијата за неговото сомнително однесување.

site-se-zgrozeni-od-toa-shto-im-go-pravel-na-zhrtvite-po-ubistvoto-koj-e-djefri-damer-seriskiot-ubiec-od-noviot-serijal-na-netflix-03.jpg

За озлогласениот сериски убиец се знае дека е роден во Милвоки во 1960-та година и имал сосема нормално детство, но неговите родители забележале дека е по малку летаргичен и сакал колку може повеќе да биде сам.

Во средно училиште се занимавал со музика и спортови, но самиот изјавувал дека уште на 14 години почнал да фантазира за убиства и некрофилија. По завршувањето на средното образование ѝ се приклучил на војската, од каде бил отпуштен со почести.

site-se-zgrozeni-od-toa-shto-im-go-pravel-na-zhrtvite-po-ubistvoto-koj-e-djefri-damer-seriskiot-ubiec-od-noviot-serijal-na-netflix-04.jpg

Се верува дека првото убиство во 1978-ма година било непланирано. Откако завршил средно образование, тој качил во автомобилот еден автостопер, му дал да пие алкохол и имал сексуален однос со него. Кога автостоперот се обидел да си замине, Џефри го удрил по главата и го задавил со тег.

„Отсекогаш знаев дека тоа не е во ред. Првото убиство не беше планирано“ – рекол Џефри во интервју од 1993-та година.

site-se-zgrozeni-od-toa-shto-im-go-pravel-na-zhrtvite-po-ubistvoto-koj-e-djefri-damer-seriskiot-ubiec-od-noviot-serijal-na-netflix-05.jpg

До 1991-ва година Џефри убил уште 16 лица, а светот е згрозен од тоа што го правел со останките на неговите жртви. Се знае дека имал секс со останките, чувал делови од нивните тела во тегла, па дури и почнал да јаде човечко месо.

site-se-zgrozeni-od-toa-shto-im-go-pravel-na-zhrtvite-po-ubistvoto-koj-e-djefri-damer-seriskiot-ubiec-od-noviot-serijal-na-netflix-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Очилата на серискиот убиец Џефри Дамер се продаваат за 150.000 долари – зошто неговите лични предмет... Од фотографии од детството, даночни формулари, психолошки извештаи, па сѐ до лич...
Страдал од „синдром на врколак“, го третирале како животно – потресната приказна на мажот кој е инсп... Поради густите влакна на целото тело, Петрус Гонсалвус, но и неговите деца, биле...
Долг нокт на малото прсте се сметал за добри манири: 10 забавни факти за ноктите и маникирот во мина... Славниот Пушкин рекол: „Можете да бидете разумна личност и да размислувате за уб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg