Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ

„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен, кој имаше по 6-7 ученици во една соба и заеднички тоалет. Но, поради музиката решив да издржам,“ изјавил тој.

imal-teshko-detstvo-denes-zhivee-vo-dom-od-800-000-evra-fakti-za-aco-pejovikj-01.jpg

Еден од омилените пејачи во регионот, Ацо Пејовиќ, наскоро ќе одржи голем концерт во Скопје.

Откако лани ја наполни арената „Борис Трајковски“, таму се враќа и годинава, на ново дружење со македонската публика.

Многумина го обожаваат поради носечката песна од филмот „Тома“, Ponoć, која им е омилена, а други, пак, поради гласот и непосредноста.

Сепак, музичарот немал секогаш лесен и едноставен живот.

Растел во студен интернат, но издржал поради желбата да се занимава со музика.

Денес, вели, воопшто не се кае.

imal-teshko-detstvo-denes-zhivee-vo-dom-od-800-000-evra-fakti-za-aco-pejovikj-07.jpg

Што знаеме за Ацо Пејовиќ?

Роден е како Александар Пејовиќ, на 18 април 1972 година во Пријепоље, во поранешна СФРЈ.

imal-teshko-detstvo-denes-zhivee-vo-dom-od-800-000-evra-fakti-za-aco-pejovikj-10.jpg

Учел во средно музичка училиште во Подгорица, каде свирел клавир и контрабас.

Бидејќи родителите му биле сиромашни, од 14 години почнал да живее во студентски домови.

„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен, кој имаше по 6-7 ученици во една соба и заеднички тоалет. Но, поради музиката решив да издржам,“ изјавил тој.

imal-teshko-detstvo-denes-zhivee-vo-dom-od-800-000-evra-fakti-za-aco-pejovikj-11.jpg

По завршувањето на музичкото училиште кратко време живеел во Франција.

Таму работел како градежен работник, но решил да се врати и да продолжи со музика.

imal-teshko-detstvo-denes-zhivee-vo-dom-od-800-000-evra-fakti-za-aco-pejovikj-21.jpg

Професионално почнал да се занимава со пеење во 1991 година.

Првиот албум го објавил дури во 2000 година, а до денес има издадено осум студиски албуми.

Признава дека во еден момент планирал да се откаже од кариерата, но семејството не му дозволило.

imal-teshko-detstvo-denes-zhivee-vo-dom-od-800-000-evra-fakti-za-aco-pejovikj-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава