20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модниот дизајнер?
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поминало долго време пред да се појават емоции меѓу нив, па наскоро станале пар. Се однесувале како тинејџери, се бакнувале, се прегрнувале, се галеле пред вработените во компанијата. По 2 децении брак се развеле.

Еден од најпознатите светски дизајнери, Келвин Клајн (83), скоро цела деценија е во врска со 46 години помлад маж.
Но, пред да ја признае својата хомосексуалност, Клајн двапати беше во брак.

Првиот пат се ожени со дизајнерката Џејн Сентер, добија ќерка, но се разведоа по три години, во 1969 година.
Вториот брак му е со долгогодишната пријателка и асистентка, Кели Ректор, со која се венчал тајно кога отишле на шопинг во Рим.

Што знаеме за втората сопруга на дизајнерот и негова најголема муза?
Кели штотуку започнувала кариера во модната индустрија кога го запознала својот иден сопруг, Калвин Клајн.
Таа дипломирала на Модниот институт за технологија во Њујорк и била вработена како асистент дизајнер во куќата на Ралф Лорен, но брзо по вработувањето се обидела да се пресели во компанијата на Клајн.

Била одбиена, бидејќи дизајнерот не сакал да ѝ даде шанса.
Сепак, набрзо го запознала во познатиот клуб Studio 54, па тој ѝ понудил работа како асистент веќе следниот ден.

Кели почнала да работи во неговата модна куќа во 1981 година, и не поминало долго време пред да се појават емоции меѓу нив, па наскоро станале пар.
Се однесувале како тинејџери, се бакнувале, се прегрнувале, се галеле пред вработените во компанијата.
Се венчале 5 години подоцна во Рим, во 1986 година.

