20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модниот дизајнер?
И иако Келвин соработувал со најубавите жени во светската мода, сопругата ја сметал за муза и жена со посебна убавина.
„Покрај Келвин се смени целиот мој живот. Тој ќе влезеше во собата и беше како одеднаш да се палат сите светлата.
Секој ден се случуваше истиот филм. Се чувствував многу поспецијално кога тој беше во собата“, рече Кели во интервју за Vanity Fair во 2008 година.

Во меѓувреме таа се насочи кон модната фотографија и фотографираше за престижни списанија, како Vogue, Harper's Bazaar и Interview, а стои и зад бројни рекламни кампањи за хотели.
Авторка е и на шест книги за фотографија.

Кели почна и да работи како дизајнер на ентериери, а основа и компанија за иработка на керамика.
Иако беа во брак 20 години, половина од тоа време го поминаа разделени.

По десет години престанаа да живеат заедно, но разводот беше потпишан дури во 2006 година.
Потоа Кели го доби синот Лукас, со помош на сурогат мајка.

Во меѓувреме, Келвин Клајн почна да се гледа со млади мажи и скоро една деценија е во врска со Кевин Бејкер, 46 години помлад од него.
И по разводот Кели никогаш јавно не ја коментирала сексуалната ориентација на својот поранешен сопруг.

Тие останаа блиски пријатели, па и сега се појавуваат заедно на многу модни настани.
Денес Кели живее во Палм Бич, а приоритет ѝ е да поминува што е можно повеќе време со својот син Лукас.

А. Ј. | Црнобело
