Од омилената водителка, до најомразена личност која се крие во Англија: Како Елен Деџенерис изгуби сè?

По тензичното интервју со Дакота Џонсон и обвиненијата дека е „шефица од пеколот“, Елен Деџенерис изгуби сè и сега живее во Англија со сопругата. Како водителката се најде во ситуација да избега од Холивуд и да се крие од јавноста?

od-omilenata-voditelka-do-najomrazena-lichnost-koja-se-krie-vo-anglija-kako-elen-dedzheneris-izgubi-se-01.jpg

Откако вработените на Елен Деџенерис почнаа да ги споделуваат своите искуства со водителката, таа почна да губи фанови и гледачи, луѓето беа погласни за нивното лошо мислење за неа и, на крај, мораше и да се откаже од шоуто што ѝ донесе милиони.

Моментално таа „се крие“ во Англија со сопруга Порша де Роси и иако вели дека ја напуштила Америка поради Трамп, голем дел од јавноста не ѝ верува.

Па, како Елен стигна дотука?

Ја критикуваа за пријателството со Џорџ Буш

Критиките кон Елен станаа поизразени во 2019 година, кога беше фотографирана додека се дружи со поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

За многумина, проблемот беше тоа што Елен, која е дел од ЛГБТ заедницата, е близок пријател со претседателот кој се спротивставуваше на истополовите бракови.

Оние кои ја критикуваа истакнуваа дека е иронично тоа што Елен самата е во истополов брак.

Елен се огласи за коментарите во нејзиното шоу, но бидејќи одби да се извини, уште тогаш изгуби многу фанови.

od-omilenata-voditelka-do-najomrazena-lichnost-koja-se-krie-vo-anglija-kako-elen-dedzheneris-izgubi-se-12.JPG

Проблематично интервју со Дакота Џонсон

Повторно во 2019 година, Дакота Џонсон гостуваше во шоуто на Елен за да го промовира нејзиниот филм The Peanut Butter Falcon.

Но, целото интервју беше доста тензично, а Елен самата ја почна драмата.

Најпрво Елен се пожали дека Дакота не ја поканила на нејзиниот 30-ти роденден. Дакота веднаш ѝ рече дека тоа не е точно, односно дека била поканета, но не дошла.

Сакајќи да ја понижи актерката, Елен побара да ѝ го проверат календарот, по што беше информирана дека навистина била поканета. На ова Елен прокоментира:

„Ах да, имав нешто работа. Забавата веројатно била во Малибу, ми беше многу далеку да одам дотаму“.

Потоа атмосферата на интервју се подобри, но гледачите почнаа да истакнуваат дека Елен пробува да понижи многу нејзини гости, како што направи со Дакота.

od-omilenata-voditelka-do-najomrazena-lichnost-koja-se-krie-vo-anglija-kako-elen-dedzheneris-izgubi-se-04.JPG

Објава на Твитер го разоткри нејзиното вистинско лице

Елен уживаше репутација на една од најдобрите и најфините ТВ водителки. Но, по објава на Твитер од 2020 година, ова се промени.

Објавата беше на авторот Кевин Т. Портер кој напиша дека ќе донира по два долара во добротворни цели за секоја вистинска приказна која ќе го покаже вистинското лице на Елен.

Па, луѓе кои имале контакт со неа или соработувале со неа, почнаа да ги споделуваат своите искуства.

„На нов вработен во тимот му кажаа дека секој ден, Елен избира нова личност што ќе ја мрази.

Му кажаа дека не негова вина и само треба да издржи бидејќи следниот ден Елен ќе мрази некој друг“, гласи еден од коментарите.

Елен беше обвинета дека ги бркала вработените за ситници, како на пример бидејќи не џвакале мастика (за да си го освежат здивот) пред да зборуваат со неа.

Една вработена тврдеше дека речиси ја изгубила работата бидејќи на Елен не ѝ се допаѓал нејзиниот лак за нокти.

od-omilenata-voditelka-do-najomrazena-lichnost-koja-se-krie-vo-anglija-kako-elen-dedzheneris-izgubi-se-7.JPG

Ги предаде вработените за време на пандемијата

Кога почна пандемијата, неколку вработени изјавија дека Елен ги оставила на цедило.

30-тина луѓе од нејзиниот тим не добивале никакви информации за тоа дали ќе се вратат на работа, но и дали ќе добијат плата. Притоа, не биле официјално отпуштени.

Елен проба да „се извади“ од ситуацијата тврдејќи дека пак почнала да го снима шоуто само за нејзиниот тим:

„Ги сакам, ми недостасуваат, најдоброто што можам да го направам за да ги поддржам е да продолжам со емисијата“.

Сепак, никој не ѝ веруваше.

od-omilenata-voditelka-do-najomrazena-lichnost-koja-se-krie-vo-anglija-kako-elen-dedzheneris-izgubi-se-9.JPG

Се жалеше за време на локдаунот

Искрено, никој од нас не уживаше во локдаунот, кога не можевме да излегуваме од дома и по неколку денови.

Но, Елен се соочи со критики бидејќи ја споредуваше нејзината огромна куќа со затвор.

Додека поголем дел од луѓето ширум светот мораа да бидат затворени во мали станови, некои и со лоши услови за живот, на јавноста ѝ пречеше што Елен се буни, а живее во палата.

the-ellen-degeneres-show-lost-a-million-viewers-1761152146.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg