Од омилената водителка, до најомразена личност која се крие во Англија: Како Елен Деџенерис изгуби сè?
Беше отворена истрага против неа
Откако вработени на Елен почнаа да зборуваат за токсичната средина на работа, студиото Warner Bros. започна истрага.
И, откри уште повеќе докази за нејзиниот проблематично однесување на сетот. Притоа, се дозна и дека некои од извршните продуценти ги малтретираат вработените, па дури и ги изложуваат на сексуално вознемирување.
Репутацијата на Елен беше уште повеќе уништена бидејќи водителката чекаше многу долго за да се извини.
Таа проба да се извини во монологот во нејзиното шоу, но беше нападната од јавноста, но и поранешните вработени дека го банализира целиот проблем.
Изгуби милиони гледачи, а на крај и шоуто
Во првите шест месеци од 2020 година, Елен изгуби над милиони гледачи.
Поради ова, се спушти и цената на рекламите кои се емитуваа за време на шоуто, за во 2021-ва да биде откажано.
Сепак, Елен не признаваше дека шоуто е откажано поради скандалите, туку тврдеше дека тоа е нејзина одлука.
Изгуби и друго шоу
Елен имаше и спин-оф од нејзината емисија, позната како Ellen’s Game of Games која се емитуваше четири сезони.
Но, кратко по откажувањето на оригинално шоу, таа го изгуби и спин-офот.
Откажа неколку обиди за камбек
Откако направи кратка пауза, Елен се појави во документарец на Discovery Channel.
Но, иако можеби мислела дека ова ќе биде нејзиниот камбек, не помина најдобро.
Елен откажа неколку стендап шоуа и иако не откри зошто, голем дл од јавноста смета дека, едноставно, немало доволно интерес.
На крај, се пресели во Англија
По победа на Доналд Трамп, Елен и сопругата Порша се преселија во Англија.
Водителката тврди дека причината е новиот американски претседател.
Сепак, многумина мислат дека по неуспешниот обид да се врати во забавната индустрија, Елен само сакала да избега од Холивуд.
Прочитајте и: „Вреска за погрешна чинија“: Факти дека и дома кај Елен Деџенерис е како во воен камп
Спирова С. | Црнобело
