„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја однеле на рехабилитација
- Детали
- среда, 25 февруари 2026
Ќерката на Дејвид Боуви и Иман со трогателна исповед за рехабилитацијата на 14 години: „Во писмото од татко ми пишуваше: ‘Извини што мора да го направиме ова’. Потоа двајца високи мажи влегоа низ вратата дома и ме влечеа. Врескав и се држев за масата. Барав помош... Ме ставија во возило и моите родители веќе ги немаше. Во установа прочитав дека татко ми починал“.

Дејвид Боуви и манекенката Иман се запознале „на слепо“ во 1990-та и се вљубиле на прв поглед, се венчаа во 1992, а во 2000-та ја добија ќерката Александра Лекси Џоунс.

Парот беше заедно 24 години додека смртта на пејачот не ги раздели.

Тој почина од рак на црн дроб во јануари 2016-та, а 10 години подоцна, неговата ќерка Лекси, се отвори во трогателна исповед.
На својот Инстаграм профил таа објави подолго видео, во кое зборува за тешкотиите во нејзиниот живот, борбата со депресијата и нарушувањето во исхраната, како и консумирањето супстанци и алкохол.

Лекси вели дека откако татко ѝ бил дијагностициран со рак, таа ја достигнала точката на кршење, а нејзините родители морале да преземат нешто.
Во својата исповед таа открива морничави детали за тоа како била насилно одвлечена од нејзиниот дом, од страна на двајца многу високи мажи, кои ја однеле во установа за лечење и одвикнување на само 14 години.
„Нешто ме 'удри' кога бев многу млада, околу 10 години. Почнав да одам кај терапевт, бидејќи моите професори, а и моите родители забележаа дека нешто не е во ред.
Тогаш го имав првиот анксиозен напад. Почнав да се чувствувам депресивно. Не ми одеше во училиште.
Мразев како изгледам, развив булимија кога имав 12 години. Почнав да си наштетувам на 11.
Се чувствував глупаво, безвредно, бескорисно, несакано, а тоа што имав успешни родители ми правеше да бидам полошо“.

За тоа како почнала да користи дрога и алкохол кога татко ѝ ја добил дијагнозата, вели:
„Сите околу мене експериментираа. Но за мене, не беше заради забава. Јас не експериментирав, јас бегав. Кога забавата ќе завршеше за сите други, јас продолжував, сама.
Бев злобна кон луѓето кои не ме третираа како што сакам. Молев да бидам почитувана, така што станав нешто од луѓето се плашеа“.

