Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сака и без шминка“

Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите 60-ти години – Синди Крафорд признава дека со другарка има пакт против фејслифтинг, сака да старее природно, а на сите им треба и сопруг како нејзиниот кој ѝ вели: „Поубава си природна и без шминка“.

sindi-kraford-e-prirodna-ubavica-i-na-60-imam-pakt-protiv-fejslift-soprugot-e-protiv-toa-i-me-saka-i-bez-shminka-01.jpg

Синди Крафорд, во 90-тите важеше за една од најубавите жени во светот, нејзиното лице беше најпрепознатливо во светот на модата и ги красеше сите насловни страници на најпознатите магазини.

sindi-kraford-e-prirodna-ubavica-i-na-60-imam-pakt-protiv-fejslift-soprugot-e-protiv-toa-i-me-saka-i-bez-shminka-03.jpg

Заедно со Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста, Кејт Мос и уште неколку модели доминираа и ја дефинираа супермодел ерата во 90-тите години.

Денес Синди, и на свои 60 години, уште се држи до вистинските стандарди на убавина и не потпаѓа под влијание на многуте козметички процедури кои се сосема нормални и секојдневни во нејзиниот свет.

Во гостување во подкаст, таа зборува за фејслифтингот и открива кој е нејзиниот став:

„Фејслифт... имам еден вид на пакт со моја пријателка, која е шминкерка, сега веќе е пензионирана. И си велиме ‘нема да го направиме тоа, нели?’.

Се чувствувам среќна што мојот сопруг е многу против такви работи. Тој ми вели дека изгледам убаво. Не сака ни шминка, преферира да бидам без шминка.

Но некогаш ќе си кажам ‘ама види колку добро изгледа таа’ и потоа се потсетувам дека сум рекла не на вакви процедури.

Така што, веројатно не е нешто што го гледам на социјалните мрежи со мојот алгоритам. Сите видоа што се случи минатата година со Крис Џенер, нели?

Јас сум во добри односи со неа и изгледа прекрасно. Но јас дури им велам на луѓето да не си ја фарбаат косата додека не мораат. Има време за тоа.

Не мора да правите нешто додека немате барем најмалку 40 години. Одложете најмногу што можете, зашто потоа ќе бидете приморани постојано да го правите тоа.

Мојата тетка беше естетичар, таа велеше „ако ти пречи тебе, ти пречи тебе“. Не е важно дали пријателите ти кажуваат дека си убава.

Ако ти го сакаш тоа, тогаш треба да биде тоа твоја одлука“.

Извадок од гостувањето:

Низ годините, Синди повеќепати има зборувано дека стареењето под лупа на јавноста е голем притисок за жените кои се обидуваат да задржат младешки изглед.

sindi-kraford-e-prirodna-ubavica-i-na-60-imam-pakt-protiv-fejslift-soprugot-e-protiv-toa-i-me-saka-i-bez-shminka-02.jpg

Сепак, добро е да се види дека сепак има некој кој иако понекогаш паѓа во искушенија, сепак се држи до своите принципи, а не до стандардите од општеството кои се наметнуваат.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава