Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн?
- Детали
- четврток, 24 јули 2025
Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќи ретко кога го гледале трезен. Што знаеме за другите деца на пејачот и во каков однос се едни со други?

Ози Озборн почина на 22-ри јули годинава, а зад себе ги остави сопругата Шерон, но и неговите шест деца.
Несомнено, најпознатото дете на Ози е ќерката Кели, што ја доби со сопругата Шерон, нo музичарот е татко на уште пет деца од кои дел пробуваат да се скријат од јавност.
Иако поголем дел од животот Ози помина со Шерон, пред да ја запознае неа, тој беше во брак и со друга жена со која исто така доби деца.
Па, кои се децата на Ози и во каков однос беа со познатиот музичар?
Елиот Кингсли
Пред да добие биолошки деца, Ози посвои син.
Во 1966 година, додека беше во брак со првата сопруга Телма Рајли, тој го посвои синот што таа го добила од друг маж.
Не е познат идентитетот на биолошкиот татко на Елиот, но Ози наводно го прифатил како свое дете.
Сепак, за Елиот не се знае апсолутно ништо и семејството на Ози не го спомна кога ја сподели веста за смртта на музичарот. Па се претпоставува дека низ годините можеби се оддалечиле.
Џесика Озборн
Ози и првата сопруга Рајли во 1972 година ја добија ќерката Џесика.
Џесика работи како актерка, а се има појавено и во документарец за Ози Озборн, каде откри какво било детството со татко зависник и „пијаница“.
„Не се сеќавам дека некогаш ми читал приказна пред спиење или дека ме бањал или што било слично. Не можам да кажам дека бил овде за нас, никогаш не доаѓал на приредби, на родителски… Не беше татков“.
Ози, пак, има изјавено дека не се ни сеќавал на денот кога ја добил ќерката Џесика.
Луис Озборн
Во 1975 година, Ози и Рајли го добија синот Луис. Како татко му, и Луис е музичар, а во истиот документарец во кој се појавува сестра му, и тој сподели детали од деството со Ози.
И, неговото искуство било речиси исто како она на Џесика. Сепак, истакнува дека во ретките мигови кога бил трезен, Ози сепак бил добар татко.
„Кога беше дома и кога не беше пијан, беше прекрасен. Но, искрено, тоа се случуваше ретко. Имам многу сеќавања од него пијан, како вози автомобил преку тревници, прави сообраќајки и такви слични инциденти. Реално, тоа не беше убав семеен живот“.
