Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флертуваше“
- Детали
- вторник, 14 април 2026
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, која призна дека додека глумела во Beverly Hills 90210, често не знаела да направи разлика меѓу сценариото и вистинскиот живот.

Актерката Џени Гарт, најпозната како Кели Тејлор, призна дека била навистина вљубена во Лук Пери во 1990-тите, кога глумеа дечко и девојка од хит серијата Beverly Hills 90210.
Во своите нови мемоари „I Choose Me“ (Се избирам себеси), кои се во продажба од 14 април, таа пишува дека ѝ било тешко да направи разлика помеѓу своите чувства на екранот и реалните, оние надвор од серијата.

Таа призна и дека била љубоморна на сите актерки и статисти кои гостувале во серијата, а со кои Лук флертувал на снимањето.
„Гледајќи наназад, си велам: ‘Па ти беше иста како секое друго девојче на светот, заљубена во Дилан.
Сите го замислуваа како своја прва вистинска љубов. Но, за мене навистина беше збунувачко.

Понекогаш линијата меѓу реалноста и сценариото ми стануваше малку матна.
Имаше многу интимни разговори и моменти меѓу овие два лика и мислам дека се изгубив во тоа и си дозволив да помислам дека ми се случува врска во реалноста“.

И покрај ова, Џени не крие дека вистински чувства сепак постоеле помеѓу нив двајца.
„Сè уште верувам дека имаше нешто вистинско. Имавме многу посебна врска“, вели таа.

Во својата книга Џени пишува и за неговите долги бакнежи и флертувачки допири.
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, искрена е таа.
