Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарна сум што чекав“
- Детали
- понеделник, 24 ноември 2025
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и направив сè што можам за мојата кариера. Сега сè останато е ’јаготка на шлагот‘ и можам да му се посветам на син ми“, изјави Ева Лонгорија која го роди синчето на 43-годишна возраст.

Ева Лонгорија го роди синот Сантијаго на 43-годишна возраст, а неодамна зборуваше за одлуката да стане мајка во 40-тите.
Актерката и сопругот Хосе Бастон го добија синчето во 2018 година, а Ева вели дека денес е благодарна што почекала да стане мајка.
Вели тајмингот бил совршен бидејќи на таа возраст, била многу помудра.
„Имате многу повеќе мудрост и трпение кога ќе станеме мајка во 40-тите. За мене, 40 години беа доволно.
Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и направив сè што можам за мојата кариера.
Сега сè останато е како ’јаготка на шлагот‘ и можам да му се посветам на син ми“.
Сега, кога животот ѝ е стабилизиран, Ева вели дека може семејството да ѝ биде приоритет, иако уште сака да работи.
„Моето семејство ми е приоритет. Па, ако прифатам улога која ќе ми одземе од времето со синот, треба да биде нешто во коешто навистина ќе уживам и да биде со луѓе со кои сакам да работам“.
Ева додава и дека минатото исполнето со финансиски проблеми ја натерало да стане поразумна во врска со парите и да не брза да стане мајка, сè додека не е потполно сигурна дека ќе може да му овозможи сè на своето дете.
Но, истовремено вели дека не би променила ништо од своето минато поради лекциите што ги научила по пат.
Ева пораснала во Тексас и откако победила во шоу за таленти, заминала во Лос Анџелес со надеж дека ќе стане актерка.
Пристигала во Холивуд со само шест долари во џеб, а на почетокот не ѝ било воопшто лесно.
Четири години не можела да најде ангажман, па работела сè и сешто за да може да си ги плати сметките.
Откако добила мала улога во популарната серија Beverly Hills, почнала да добива и други улоги.
И, четири години подоцна, ја добила една од главните улоги во Desperate Housewives, со што стана светски позната.
„Ги сакам предизвиците со коишто се соочив. Го сакам тоа што имав само шест долари кога се преселив во Холивуд. Ги сакам сите мои неуспеси бидејќи тогаш растев и созревав.
Одев на аудиции, имав и многу работни места и ми беше тешко да си ја платам киријата. И, никогаш не би променила ништо од моето минато бидејќи поради тоа повеќе ја ценам положбата во којашто сум сега“.
Ева зад себе има два развода, а вели дека и ова се детали од животот што не би сакала да ги промени.
Од 2002 до 2004 година таа беше во брак со актерот Тајлер Кристофер. Потоа, од 2007 до 2010 година беше во брак со кошаркарот Тони Паркер.
Вториот брак се распадна откако Ева дознала дека Тони ја изневерува.
„Додека бев со Тони не сфаќав, но самата станав ’очајна домаќинка‘. Но, не би ја советувала мојата помлада верзија да не стапува во брак.
Не сакам да си ги поправам грешките. Го сакам патот што го изодев, со сите дупки на него“.
Во 2013 година, Ева ја почна врската со сегашниот сопруг, Хосе, а се венчаа три години подоцна.
И, денес се посреќни од кога било.
Во 2024 година се преселија во Шпанија и иако не ја коментираат преселбата, извори блиски до парот тврдат дека син им е една од главните причини.
„Сакаат нивниот син да порасне на место каде што ќе биде опкружен со природа и убавина и нема да биде вовлечен во целиот ’холивудски циклус‘.
Се преселија во Шпанија и се пресреќни. Ева веќе доби сè што сакаше од Холивуд“.
Спирова С. | Црнобело
