Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги мрази
- Детали
- сабота, 18 октомври 2025
Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала навистина чудно кога мајка ѝ се венча со него. Румер вели и дека таа викнала брза помош кога мајка ѝ се предозирала, и таа ја носела на рехабилитација.

Од бракот со Брус Вилис, Деми Мур доби три ќерки – Румер, Скаут и Талула.
Иако денес делуваат како среќно семејство и минуваат многу време заедно, особено по дијагнозата на Брус, во минатото, Деми била далеку од добра мајка.
Проблематичниот брак со Ештон Кучер, како и нејзината зависност од дрога и алкохол, биле особено трауматични за трите девојки.
Мрачните работи што ги открија ќерките на Деми Мур за неа:
Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер
Деми Мур се венча со Ештон Кучер во 2003 година и бракот беше исполнет со низа скандали.
Но, можеби најбизарно е тоа што ќерката на Деми, Румер, има изјавено дека била огромна обожавателка на актерот, собата ѝ била излепена со негови постери, а актерката знаела и дека ѝ е симпатија.
Кога Деми се венча со него, имаше 40 години. Ештон имаше 25 години, а Румер 15-тина.
И, вели дека ѝ било навистина чудно кога тој станал нејзин очув.
„Дефинитивно ми беше чудно. Тогаш се сеќавам дека ѝ реков на сестра ми дека морам да почнам да го гледам поинаку“.
Сепак, Румер вели дека брзо си ја сменила перспективата за него и дека не ѝ замерува на мајка ѝ.
Проблемите со менталното здравје на Деми лошо се одразиле врз ќерките
Деми Мур важеше за една од најпознатите и најплатените холивудски актерки. Но, приватно се сочувала со ниска самодоверба и сериозни проблеми со менталното здравје.
Деми неколкупати пробала да ги одземе животот и сето ова било трауматично за нејзините ќерки.
„Ако мајка ми не се сака себеси, тогаш како ќе научам како јас да се сакам себеси?
Се чувствував како личност која не заслужува љубов“, има изјавено ќерка ѝ Румер.
