Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“?

Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависност од супстанци, а ќерка ѝ ја молела да се откаже – денес е целосно чиста. Како изгледа Вера Фишер, актерката што ја глумеше сензуалната Ивет во бразилската хит-серија „Клон“?

Fotobila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-01et.jpg

Дали бевте верен фан на бразилската хит-серија „Клон“, која ја прикажуваше љубовта на Жаде од Мароко и Лукас од Бразил?

Доколку сте ја гледале во раните 2000-ти, сигурно знаете и која е Ивет, која како во серијата, така и во приватниот живот, важеше за секс симбол.

bila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-08.jpg

Вера Фишер е глумицата која ја толкуваше оваа улога, а имала тешко детство и младост.

Порасната е со татко нацист од Германија и неговите ставови довеле до нарушен однос со ќерката, која до 5 години зборувала германски, а потоа научила португалски во училиште.

bila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-07.jpg

Пред да се прослави како актерка, на 17-годишна возраст, во 1969-та ја освоила титулата Мис Бразил, а ги фалсификувала годините за да може да оди на Мис Универзум.

Потоа имала кариера како фотомодел, во 1970-тите се впуштила во актерските води, каде добивала голем број улоги, номинации и награди, а животот ја одвел во погрешна насока па почнала да консумира недозволени супстанци.

bila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-03.jpg

Од 1987 до 1995 била во брак со актерот Фелипе Камарго, со кого го добила синот Габриел, над кого го изгубила старателството во 1997, заради проблемите со алкохол и дрога.

bila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-10.jpg

Претходно таа била во брак со актерот Пери Салес 15 години, од 1972 до 1987 година, а со него ја има ќерката Рафаела, родена во 1979, која ја натерала да се ослободи од зависностите. 

bila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-09.jpg

Во доцните 90-ти била во клиника за рехабилитација и потоа успева да си ја врати кариерата, кога во 2000-тите се појавува во серијата Клон и во уште многу други серии и филмови.

bila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-06.jpg

Денес таа е трезна и целосно чиста, а запомнета е како симбол за убавина и талент.

Има 73 години, а иако не е толку активна на филмското платно, често споделува моменти од секојдневието на социјалните мрежи и се труди да се одржи во форма, иако често го покажува и својот природен изглед. 

bila-zavisnichka-od-droga-denes-ima-70-godini-kade-e-i-shto-pravi-ivet-od-klon-04.jpg

Погледнете повеќе нови фотки од Вера Фишер - како изгледа денес:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg