Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чаплин и Лита Греј
- Детали
- недела, 10 август 2025
Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј. Откако останала бремена од него на 15-годишна возраст, Чарли, кој тогаш имал 35 години, се венчал со неа за да не оди во затвор. Но, ѝ ветил дека ќе ѝ го претвори животот во пекол.

И половина век по неговата смрт, Чарли Чаплин уште важи за една од најважните личности во филмската индустрија.
Се прослави во ерата на таканаречените „неми филмови“, а со неговиот лик „Скитникот“ успеа да стане светска сензација.
Во својата импресивна кариера која се протегала повеќе од 75 години, Чарли успеал да остави огромен белег врз филмската индустрија, па и до денес да биде гледан како идол.
Но, Чарли имал и друга, мрачна страна – бил женкар, психички ги малтретирал своите сопруги, преферирал многу млади девојки, а бил и далеку од добар татко.
Пред неколку години, дури и три од неговите деца јавно го споделија своето ужасно искуство со татко им и го прикажаа во друго, мошне лошо светло.
Чарли бил во брак четирипати, а добил 11 деца не само до сопругите, туку и од љубовници.
Секој од неговите бракови е исполнет со скандали, но можеби најконтроверзен е оној со втората сопруга – Лита Греј – која издржала само три години со него.
Детали за вознемирувачката врска на Чарли Чаплин и Лита Греј:
Родена во Холивуд, Лита Греј имала само осум години кога го запознала тогаш 30-годишниот Чарли Чаплин. На 12-годишна возраст Чарли ја најмил во неговиот филм The Kid, а потоа и во филмот The Idle Class.
Лита потпишала едногодишен договор за соработка со Чарли, кој актерот не ѝ го продолжил.
Но, кога наполнила 15 години, се пријавила на аудиција за друг негов филм – The Gold Rush – и ја добила главната улога.
Иако тогаш Чарли имал 35 години, тој сепак почнал врска со Лита.
Не поминало долго пред малолетната Лита да остане бремена и Чарли се соочувал со затворска казна за сексуален однос со дете.
Па, за да се спаси, ја натерал да се венчаат.
Бидејќи дотогаш бил познат, Чарли сакал да избегне и скандал, па се венчал со Лита во тајност, во Мексико.
Според некои извори, на денот на свадбата, Чарли им рекол на неколку пријатели дека „подобро да е во брак, отколку во затвор“.
Подоцна Лита има изјавено дека Чарли пробувал да ја присили да абортира, но тие сепак добиле два сина, во 1925 и 1926 година.
Нивниот брак, пак, бил вистински кошмар за Лита која и самата била дете.
Во документите за развод е наведено дека Чарли ѝ рекол на Лита:
„Овој брак нема да трае долго. Толку ќе ме заразиш, што нема да сакаш да живееш со мене“.
