Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин
- Детали
- сабота, 20 јуни 2026
Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст била и втората. Актерот, пак, веќе бил во третата и четвртата деценија од животот.

Чарли Чаплин четирипати стапувал во брак, а со последната сопруга останал до крајот на својот живот.
Но, ова не го спречувало да спие и со други жени, па се шпекулира дека во животот имал над 2.000 партнерки.
Некои од неговите бивши вистински го презирале и го имаат обвинувано дека ги малтретирал физички, додека последната сопруга, која му роди осум деца, имаше само добри зборови за него.
Кои се четирите сопруги на Чарли Чаплин?
Милдред Харис
Милдред Харис е првата сопруга на Чарли Чаплин, а кога го запознала имала само 16 години, додека актерот имал 29.
Се венчале во 1918-та, кратко откако се запознале, но само затоа што Милдред мислела дека е бремена.
Иако по венчавката сфатиле дека не е, решиле да му дадат шанса на бракот.
Имајќи ја предвид огромната возрасна разлика, Милдред била далеку од среќна, а и самиот актер има кажувано дури и вознемирувачки работи за неа.
„Милдред беше убаво суштество – не премногу паметно, но кај неа имаше нешто што ме тераше да мислам дека можам да направам нешто за неа, да ја едуцирам, да ја разбудам.
Се обидов и таа изгледаше како да сака, но не функционираше. Многу ми беше драга и се венчавме. Извесен период се надевав дека нема да ја напушти нејзината младост - духот на нејзината младост - но го изгуби.
Се претвори во себична и цинична жена“.
Во 1919 Милдред и Чарли добиле син кој починал само три деца подоцна. Трагедијата го разнишала нивниот и онака нестабилен брак, па прво живееле одвоено, за во 1920-та да се разделат.
По разводот, Милдред тврдеше дека актерот психички ја малтретирал, додека тој тврдеше дека таа го изневерувала.
Милдред добила околу 100.000 долари (денешни 2,3 милиони) од актерот. Стапила во брак уште двапати, пред да почине од пневмонија на 43-годишна возраст.
Лита Греј
Во 1924 година, Чарли Чаплин се венча со Лита Греј – уште една 16-годишна девојка.
На денот на свадбата, актерот имал 35 години, што значи нивната возрасна разлика била уште поголема.
Тие добија две деца, но се разделија во 1927 година.
{readalso 118531}
Тогаш Лита тврдеше дека Чарли ја присилувал да направи нелегален абортус пред да се венчаат. Па, се верува дека слично како првата свадба на актерот, бременоста била причина да стапат во брак.
Тој период Лита имала само 15 години и работела на ист филм со Чарли.
Но, тие се познавале и претходно – Чарли ја запознал кога актерката имала само шест години.
По разводот, Лита доби над 14 милиони денешни долари и сама се грижеше за нивните деца.
Почина на 87-годишна возраст, од рак, а останува единствената сопруга што Чарли ја нема спомнато во неговата биографија.
Од друга страна, Лита издаде своја биографија која ја напиша со помош на нејзиниот син.