Сашко Коцев трогнат од случка со момче во Гостивар: „Ме расплака кога го прашав ‘Што е за тебе среќа?’“
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
„Момче од Гостивар го прашувам што е среќа и ми вели: „Па, јас сè имам, имам татко, имам мајка, имам брат, не ми треба ништо друго“. Ништо материјално немаше таму. Неверојатно, некако ме стаписа“, вели Сашко Коцев и испраќа моќна порака.

Сашко Коцев гостуваше во емисијата „Да си кажеме“ на Горан Петрески, која се емитува на телевизија Телма.

Тој зборуваше на многу теми, но со една случка од Гостивар сподели моќна поента на тема среќа во животот.

Инаку, најголемата среќа во животот на Сашко му се неговата сопруга, докторката Смиљана Бундовска, со која е во брак од 2012 година, и неговата ќерка Јоана, која ја добија во 2017 година.

Сашко Коцев вели:
„Едно дете од Гостивар ме расплака. Мислам Алек, Александар се викаше.

Ме расплака кога го прашав: „Што е за тебе среќа“ и тој ми вика: „Што е среќа, како да бидеш среќен, хм...?“
Вика: „Па, јас сè имам, имам татко, имам мајка, имам брат, не ми треба ништо друго“.

Неверојатно, некако ме стаписа.
Ништо материјално немаше таму, „Едноставно, што ми треба вика повеќе? - Имам мајка и татко и брат“.

Тоа е доволно за среќа, браво“.
Видеото со изјавата:
С. С. | Црнобело