Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со опасна банда
- Детали
- петок, 19 декември 2025
Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пронајден мртов во неговиот стан. Смртта на актерот е обвиена со мистерија бидејќи имал многу повреди на телото, но и бидејќи имало порака која го поврзува со ирско-американска банда.

Актерот Питер Грин, најпознат по улогите во The Mask и Pulp Fiction, ненадејно почина пред една недела, а неговата смрт е во најмала рака мистериозна.
На 12-ти декември, 60-годишниот актер беше пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк.
Најчудно е што по телото имал повреди, но според изворите, полицијата уште не знае од што биле предизвикани.
Надлежните споделија дека медицинските експерти уште пробуваат да ја одредат причина за смртта и засега не се знае дали бил убиен, извршил самоубиство, се предозирал или починал од нешто друго.
Според изворите на TMZ, неколку денови пред смртта на актерот, соседите викале полиција и се жалеле од гласната музика што доаѓала од неговиот стан.
Полицајците го нашле неговото мртво тело кога одговарале на една од поплаките на соседите.
Еден од соседите тврди дека телото на актерот било свртено на стомак, како и дека во раката имал лист хартија со рачно напишана порака.
„Питер лежеше на подот, со лицето надолу, имаше повреди на лицето, крв насекаде…“ – вели соседот за New York Daily News.
Наводно, пораката на листот се однесувала на ирско-американска банда од 1970-тите (Westies), а актерот имал напишано дека уште е дел од неа.
Сепак, не е познато дали актерот некогаш воопшто бил дел од бандата, ниту дали пораката се однесува токму на неа.
По смртта на Питер, се огласи неговиот менаџер, Грег Едвардс, кој соработуваше со актерот над 10 години.
Иако Питер беше познат по улогите на негативци, менаџерот инсистира дека бил прекрасна личност.
„Искрено, еден од најдобрите актери на нашата генерација. Имаше огромно срце. Ќе ми недостасува. Беше прекрасен пријател“.
Менаџерот откри и дека зборувал со актерот неколку денови пред да почине, а додава и дека во својата работа бил перфекционист.
„Се бореше со своите демони, но ги победи“.
Покрај негативецот во The Mask, Питер Грин го глумеше и садистичкиот чувар во Pulp Fiction.
„Никој не играше негативци подобро од Питер. Но, тој имаше и нежна страна што повеќето луѓе никогаш не ја видоа, и огромно и златно срце“, додава режисерот.
Питер се појави и во The Usual Suspects, а наскоро требаше да почне да работи и на нов филм насловен Mаscosts.
Питер побегнал од дома на само 15-годишна возраст и бил бездомник во Њујорк. Почнал да користи дрога, а извесен период бил и дилер
Почнал да глуми дури во средината на своите 20-ти и се појави во неколку филмови и серии во раните 1990-ти.
По обид за самоубиство во 1996 година, актерот отишол на рехабилитација.
Но, во 2007 година, бил уапсен за поседување дрога.
Не е познато дали уште се борел со порокот, додека полицијата не верувала дека актерот е жртва на убиство, односно дека поверојатно да се предозирал или да извршил самоубиство.
Спирова С. | Црнобело
