Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“
- Детали
- понеделник, 22 декември 2025
Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли пејачката да направи ДНК тест. Татко на Мајли, пак, Били Реј, вели дека приказната не жената е „луда и апсурдна“.

На почетокот од декември, Daily Mail сподели детали за судски случај во кој жена тврди дека таа е биолошката мајка на Мајли Сајрус.
Според жената, Мајли била посвоена од нејзините родители – Били Реј и Тиш – кратко откако ја родила.
Најбизарно во случајот е тоа што жената тврди дека ја родила Мајли на 12-годишна возраст и направила „приватна спогодба за посвојување“ со Били Реј и Тиш.
Наводната биолошка мајка на Мајли се вика Џејми Ли и денес има 45 години.
Иако родителите на Мајли тврдат дека сè што кажува е измислица, во интервју за Daily Mail, Џејми Ли вели дека нема да се откаже, а дури бара да се направи и ДНК тест.
Џејми Ли тврди дека забременила како резултат на силување и сега бара правда.
„Никогаш не сакав да ја вклучам Мајли. Но, таа е доказ – доказот што треба да го покажам дека бев жртва на трговија со луѓе (и силување) и имав дете поради тоа“.
Џејми Ли пораснала во мало гратче, а вели дека станала жртва на трговија со луѓе поради локална банда.
На 12-годишна возраст останала бремена, па тогаш почнала да размислува како да избега.
„Знаев дека морам да го заштитам ова бебе по секоја цена. Го избрав името Мајли веднаш штом сфатив дека сум бремена поради милјите што ги пропатував (додека бев жртва на трговија со луѓе)“.
Но, родителите на Мајли раскажуваат друга приказна во врска со името на пејачката – истата што ја има споделено и самата.
Нејзиното вистинско име е Дестини Хоуп Сајрус. Но, родителите почнале да ја викаат Смајли (smiley) бидејќи постојано била насмеана и весела. Со текот на времето, ова се претворило во Мајли.
Приказната на Џејми Ли станува и полуда – таа вели дека почнала да им приоѓа на славни личности со надеж дека ќе го посвојат нејзиното дете.
